Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на Твитер објави дека луѓето кои го истражуваат треба да му се извинат, затоа што не пронашле доказ за негова соработка со луѓе од Русија.
„После повеќемесечно истражување на русија ’под лупа’ немаат ниту една снимка од моите луѓе како соработуваат. Нема соработка и нема попречувања (на правдата). Треба да ми се извинат!“, напиша Трамп на Твитер.
Трамп наведува дека поранешниот претседател на САД, Барак Обама, ништо не направил откако добил известување од Централната разузнувачка агенција (ЦИА) дека Русите се мешаат во изборите, затоа што „очекувал дека ќе победи Клинтон“.
„Причината поради која претседателот Обама не направи ништо во врска со Русија, откако ЦИА го известила за мешање, е поради тоа што очекувал дека Х. Клинтон ќе победи и не сакал да ’бранува’. Тој соработуваше и попречуваше (правда) и не излезе добро за демократите и за расипаната Хилари“, твитна Трамп.






