Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Трамп и Бајден ќе се сретнат денеска во Белата куќа
СВЕТ

Трамп и Бајден ќе се сретнат денеска во Белата куќа

ноември 13, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со претседателот во заминување Џозеф Бајден, една недела откако тој како републикански кандидат го освои потребниот број електорски гласови за втор претседателски мандат.

Нивната средба, која е закажана за 11:00 часот по локално време (17:00 часот по македонско време), се толкува како еден од неформалните чекори во транзицијата на политичката моќ, која Трамп формално ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година по церемонија на инаугурација, јавува Гласот на Америка.

Така Трамп, пред формално да ја преземе власта, кратко ќе остане во претседателската резиденција и тоа на покана на Бајден.

Средбата се организира по пораката на американскиот претседател во заминување дека ќе овозможи непречена транзиција на власта.

Бајден ја истакна и важноста на соработката со Трамп, неговиот претходник и наследник на претседателството.

Поканата на Бајден се однесува и на сопругата на Трамп, идната прва дама на САД, Меланија Трамп.

Интересен е фактот што ваква средба меѓу Трамп и Бајден не се случи по изборите во 2020 година, забележува Гласот на Америка.По неговиот пораз пред четири години, Трамп изјави дека изборите биле наместени во корист на Бајден и на демократите.

Потоа го напушти Вашингтон и не присуствуваше на инаугурацијата на Бајден.

Така, тој стана првиот претседател што го сторил тоа по Ендрју Џексон, кој ја избегнал инаугурацијата на Улис Грант во 1869 година.

актуелно Бајден бела Куќа средба Трамп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.