Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Варшава го критикуваше однесувањето на Русија, опишувајќи ги акциите на Москва како дестабилизирачки.
„САД соработуваат со своите сојузници на спротивставување на акциите и дестабилизирачкото однесување на Русија“, изјави Трамп во пресрет на утрешната средба со рускиот претседател Владимир Путин на маргините на Самитот на Г-20 во Хамбург.
Тој додаде дека постои можност Русија да се вмешала во изборите во САД во 2016 година, но и дека и други држави биле вмешани за што „всушност никој сигурно не знае“.
Трамп осврнувајќи се на ракетната закана од Северна Кореја посочи дека САД разгледуваат „прилично сериозни опции“ како одговор на таквата закана, но тое не значи дека ќе ги применат.
Американскиот претседател ја повика глобалната заедница да покаже дека постојат „последици од воинственоста и многу лошото однесување“ на Пјонгјанг.
Послкиот претседател Анджеј Дида по состанокот со Трамп изјави дека САД се сериозни за безбедноста на Полска.
„Ние сме лојални партнери кои соработуваат за низа прашања, меѓу другото и за безбедноста“, наведе Дуда







