Американскиот претседател Донал Трамп во последните денови од своето владеење им предложи на помошниците да му се додели траен имунитет, со што не ќе може да одговара за какви било кривични дела кои ги сторил во текот на својот мандат.
Ако дојде до ова, тоа ќе биде првпат во историјата на ваков начин да се согледа моќта која ја има претседателот.
Неколку пати после изборите Трамп повтори дека размислува за ваков потег, а со помочниците се консултирал за тоа дали нешто такво би можел да стори и за тоа какви последици би можел да има, како пред законот така и политички.
Останува и понатаму нејасно дали на неговата одлука би можел да влијае фактот дека ги охрабрувал своите приврзаници да тргнат кон Капитол, кога некои од нив и влегоа во зградата.
Доналд Трамп долго истакнуваше дека има моќ да донесе ваква одлука, а обраќањето на неговите помошници и советници, според одредени критичари, претставува знак дека сака да истрае во својата намера. Тоа дополнително го поткрепува и фактот дека во последно време е се повеќе сомничав дека неговите непријатели ќе ги искористат сите „шуплини“ во законот за да го гонат кривично откако тој ќе ја напушти Белата куќа.
Ниту еден претседател досега не донел ваква одлука, така што легитимитетот на ваквиот потег претходно не е тестиран во правосудниот систем. Експертите се сложни во тоа дека ваквата одлука би била опасен преседан.
Со одлуката да се аболицира, Трамп би бил заштитен пред Федералниот суд, но и понатаму би можел да одговара за државни злосторства.
Како што пренесуваат медиумите, повикувајќи се на свои доверливи извори од Белата куќа, Трамп имал намера да ги заштити и своите три најстари деца, Доналд Трамп Јуниор, Ерик Трамп и Ивана Трамп, потоа нејзиниот сопруг, својот советник Џаред Кушнер, како и уште неколку блиски соработници меѓу кои е и Рудолф Џулијани.







