Доналд Трамп ја започна новата година на политичката позиција каде што ја заврши старата, како најпопуларен и највлијателен политичар во Републиканската партија.
Најновите резултати од националната анкета спроведена од Ројтерс/Ипсос кон средината на декември покажуваат дека 54 отсто од анкетираните републиканци изјавиле дека ќе го поддржат поранешниот американски претседател во трката за претседател во 2024 година, пишува „Фокс њуз“.
Другите двајца потенцијални кандидати се гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, и поранешниот потпретседател, Мајк Пенс, со 11, односно 8 отсто поддршка од испитаниците.
Во 2021 година, Трамп постојано ја споменуваше неговата кандидатура за Белата куќа.
„Секако дека размислувам за тоа“, изјави тој за „Фокс њуз“ во ноемвриското интервју.
„Искрено, мислам дека многу луѓе ќе бидат среќни со таа одлука“, додаде поранешниот претседател на САД, сугерирајќи дека тоа ќе биде објавено годинава.
Анкетата на Ројтерс/Ипсос е во согласност со другите анкети на јавното мислење во трката за номинација за републиканците во 2024 година.
Просекот на сите најнови национални анкети му дава поддршка на Трамп од 52 отсто, значително пред останатите можни републикански кандидати во Белата куќа.
Но, треба да се забележи дека поддршката за номинацијата е за добри 20 до 30 проценти помала од општата поддршка кај републиканските избирачи.
Според анкетата на Ројтерс/Ипсос, Трамп генерално е поддржан од 82 отсто од републиканците.
(Фото: АП)







