Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Тренчевска: Социјалниот дијалог е моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања
Економија

Тренчевска: Социјалниот дијалог е моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања

јуни 13, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска се обрати на 111-та сесија на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, која е највисокото тело за одлучување на Меѓународната организација на трудот, чијашто членка е и Република Северна Македонија.

Во своето обраќање министерката Тренчевска претстави дел од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија. И во таа насока таа го посочи приближувањето на ставовите и разбирањето помеѓу претставниците на работниците и  работодавачите како една од целите на социјалниот дијалог на кои Владата на Република Северна Македонија им посветува посебно внимание.

„Неговата главна цел е, преку активно учество на главните чинители во светот на работата –  работодавачите, работниците и нивните претставници, да го подобри квалитетот на одлуките и политиките на една земја“, истакна Тренчевска . Таа потенцираше дека,  телата и процесите за социјален дијалог се моќно оружје за решавање на важни економски и социјални прашања, за справување со кризи, за поттикнување на добро владеење и социјална правда, за намалување на  нееднаквоста, закрепнување на економијата  и за промовирање на економски раст.

„Социјалниот дијалог води кон меѓусебно разбирање помеѓу општествените групи кои застапуваат различни интереси, со цел да се постигне решение за проблемите од взаемен интерес,“ посочи Тренчевска.

Таа ја истакна важноста на вклученоста на сите релевантни чинители во општеството.

„Години наназад, Економско-социјалниот совет, како трипартитно тело на национално ниво, дејствува како форум кој е редовно консултиран за најважните предлог-закони, политики и мерки во социјално-економската сфера. Токму низ Економско-социјалниот совет се  дискутирани и произлегоа решенија и мерки кои беа одговор на последиците предизвикани од пандемијата, од енергетската криза, а се со цел да се помогне на стопанството, но и на работниците и ранливите категории на граѓани,“ истакна Тренчевска.

Таа се осврна на преговорите за Општиот колективен договор за јавниот сектор кои се во тек и чие последно потпишување датира од пред 15 години.  Процесот на консултации трае, информираше Тренчевска и огромно ќе  биде задоволството да дојдеме  до решение кое можеби  и нема да е совршено, но ќе биде резултат на успешен дијалог помеѓу Владата и социјалните партнери.

„Соочувајќи  се со предизвикот  на вработувањето на младите лица откако ќе го заокружат образовниот процес, долгорочната невработеност и честата вклученост во неформална работа, увидовме потреба од системски пристап во решавањето на проблемите со кои се соочуваат младите во Република Северна Македонија односно намалување на младинската невработеност и зголемувањето на вработливоста на младите лица,“ рече Тренчевска.

Притоа ја посочи Гаранција за млади како една од Европските носечки иницијативи кој има за цел да им обезбеди на младите лица (15-29 години) во период од четири месеци од денот на евиденција во Агенција за вработување на Република Северна Македонија, квалитетна понуда за вработување, континуирано образование и обука или практиканство.

„Република Северна Македонија е првата земја која не е членка на Европската Унија, а од 2018 година и во континуитет успешно го спроведува проектот Гаранција за млади. Така, од нејзиното воведување во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во истата. Речиси 40% од учесниците, добиле понуда за вработување, континуирано образование и обука и беа вклучени во практикантство, што се смета за позитивен исход,“ истакна Тренчевска.

Министерката Тренчевска ја предводи македонската делегација на Меѓународната конференција на трудот во Женева. Како дел од делегацијата секоја година учествуваат и претставници на министерството, репрезентативниот синдикат и репрезентативното здружение на работодавачи.

актуелно дијалог економски прашања социјален тренческа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.