Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Трет ден кампања за парламентарните избори 2020
Македонија

Трет ден кампања за парламентарните избори 2020

јуни 26, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
LICOVSKI
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Трет ден од изборната кампања за предвремените парламентарни избори 2020.

Партиите продолжуваат со своите активности, кои се одвиваат паралалено и на социјалните мрежи и со посета на градовите и на населените места во земјата. Од терен и од снимките се гледа дека партиите се обидуваат да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19. Лидерите се обраќаат на централните настани на денот, додека посебни настани се организираат и за носителите на кандидатските листи по изборни единици.

Коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ според официјалната агенда денеска во 19 часот ќе има настан во Тетово, а потоа во 20:30 часот во скопски Аеродром.

-Нов концепт, со нова програма и над се нова македонска развојна економија. Ќе одржиме економски лекции и на Мицкоски и на неговите економски кадри, но и лекции на регионот. Затоа што имаме потенцијал, одлична географска поставеност, работлив народ, луѓе кои не се штедат само бараат фер-шанса чесно да заработат. Но и затоа што сега имаме пријатели, а не непријатели, и затоа што не почитува целиот свет. Затоа ќе успееме, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев на предизборната трибина одржана синоќа во Охрид.

Презентирајќи ја економската програма на коалицијата предводена од СДСМ на престојните предвремени парламентарни избори, Заев рече дека таа нуди реална можност за освојување 80 отсто од поглавјата за членество во ЕУ.

-Ќе издржиме, ќе ги фрлиме и маските, но што ќе прават нашите противници со тие нивни постојани маски кои што ги носат. Маски на преродбата, маски на лажниот патриотизам, маски сега на обновата, тие не можат никогаш да ги фрлат тие маски, рече Заев.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нејзините коалициски партнери денеска ќе имаат средби со граѓани и обраќања во Демир Капија (17:00), во Неготино (18:30) и во Кавадарци (20:30).

Синоќа од Ресен лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на заштита на националното достоинство и враќање на националната гордост и секој кој го негира правото на нашиот мајчин јазик треба да знае дека нема за милиметар да попуштиме од тоа што се избориле нашите предци.

Мицкоски пред ресенчани посочи дека после 15 јули, ВМРО-ДПМНЕ најпрво економски ќе ја обнови државата, за како што рече, нашите сограѓани да станат горди и богати, а потоа ќе следи обнова на Македонија во секој поглед.

Претходно за време на посетата на Струга, Мицкоски рече дека благодарение на погрешните политики на ова раководство на СДСМ предводено од Заев, Македонија бележи рекорди по број на заболени и луѓе кои, за жал, го губат својот живот и оти токму затоа сега е најпотребно заедно сите да се исправиме бидејќи само така можеме да ја обновиме Македонија.

Политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на Изборната единица 3 и тоа во Велес (10:00), во Штип (13:00) и во Берово
(16:30).

актуелно избори кампања парламентарни
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.