Грција бележи рекорден прилив на туристи, за кои властите и угостителите се надеваат дека до крајот на годината ќе достигнат број од 30 милиони луѓе.
Но, некои од нив, од соседната Турција, не доаѓаат само поради уживање туку и за да, барем на кратко, а некои и засекогаш, да побегнат од стегите кои им ги наметнува власта на Реџеп Таип Ердоган.
Во последните две години, до неочекувани размери пораснал интересот за купување куќи или станови во Грција, пред се во Атина и во Солун. Во тоа најмногу предничат државјани од Турција.
Службени податоци нема, но сопствениците на грчките агенции за недвижности зборуваат за огромен прилив на клиенти од традиционално проевропските слоеви од турското население.







