Управата за безбедност и разузнавање (УБК) ќе се раздвои од Министерството за внатрешни работи (МВР). Оваа одлука била донесена на вчерашната владина седница.
„Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлог моделот за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, со план за негово воспоставување.
„На седницата Владата на РМ го задолжи Министерството за внатрешни работи во соработка со надлежните органи на државната управа и други институции да ги координира сите активности кои произлегуваат од реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, информираа од Владата.
Ова значи дека УБК отсега ќе функционира како посебно и независно тело, надвор од МВР, но под ингеренции на Владата.
Според усвоениот план, тајната полиција ќе се претвори во разузнавачка и контраразузнавачка служба, ќе има превентивна а не репресивна функција со јасна поделба на овластувањата, автономија во истраги и целосна деполитизација.







