Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…
Економија

Усвоен ребалансот на Буџетот: Пари за повисоки плати, вработувања, лекови…

септември 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со ребалансот на Буџетот се издвоени 400 милиони денари за субвенционирање на растот на платите во приватниот сектор, 200 милиони денари за активни мерки за вработување, дополнителни средства за поддршка на земјоделството, 193 милиони
денари за набавка на лекови за ретки болести и инсулин, 193 милиони денари за заштита на колекторскиот систем на Охридското Езеро, за исплата на поврат на ДДВ.

Министерката за финансии Нина Ангеловска попладнево на пресконференција по владината седница на која беше усвоен ребалансот, информираше дека поради слабата реализација на одредени капитални инвестиции за периодот јануари – август годинава од иницијално планираните 25,9 милијарди намалени се одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација.

Тоа се воглавно проекти финансирани со кредити и тие пари се пренаменети.

Вкупните приходи со ребалансот на Буџетот се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228, 3 милијарди денари.

Во овие рамки на планирање расходи и приходи, дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со основниот Буџет, односно истиот е со позициониран износ од 17,7 милијарди денари, односно 2,5 проценти од БДП.

Ангеловска нагласи дека мерката за субвенционирање на придонесите за зголемување на платите на вработените до 6.000 денари ќе помогне на бизнисот за задржување на квалитетниот кадар и за мотивација на вработените.

Ќе се применува од следниот месец, а ќе трае три години, односно до октомври 2022 година.

„Преку спроведување на вистински фискални политики за кои јас лично ќе се залагам со преземање на оваа одговорна функција Владата има за цел да понуди подобри услуги кон граѓаните, да го поддржи стопанството  и бизнис секторот и сето тоа да резултира со подобар животен стандард и воопшто побар квалите на живот на граѓаните“, рече Ангеловска.

Според премиерот Зоран Заев, Буџетот и со овој ребаланс продолжува да дистрибуира повеќе пари кај граѓаните.

„Со овој ребаланс Буџетот ќе биде во функција на брз и силен раст на економијата, вбризгување повеќе пари кај граѓаните и компаниите за раст на платите, за поголема мотивација и се разбира за подобар живот тука во нашата убава земја. Продолжуваме да градиме силна економија која што отвора шанса за сите во нашата земја“, рече Заев.

Од први септември стапува во сила новото покачување од пет проценти на платите во јавната администрација, здравството, образование, градинките, културата, полицијата одбраната и на другите дејности во јавната администрација.

„Предвидени се дополнителни 200 милиони денари за активни политики и мерки како поддршка за вработувањето, особено за поддршка на
младите за нивното вработување во производството, но и во севкупните
подмерки за самовработување пред се младите луѓе. Четиристотини
милиони денари се наменети за субвенционирање на придонесите од
задолжителното социјално осигурување на претпријатијата кои ќе ги
зголемат платите на своите вработени до 100 евра. Со оваа мерка се
сузбива сивата економија и давањето плати во кеш. Со оваа мерка ќе
расте приливот во Пензинскиот фонд што секако претставува услов за
иден раст на пензиите, рече Заев. Има и поголем трансфер од Буџетот во Фондот на пензиско и инвалидско
осигурување, односно 815 милиони денари кон пензиските друштва од
вториот пензиски столб.
– Одличните економски резултати што ги постигнавме во првиот квартал
од 2019 година ни даваат за право да очекуваме солидни резултати во
вториот квартал, секако во вториот квартал за нешто послаби од првиот
квартал заради претседателските избори, но секако трендот на раст да
продолжи со очекување во третиот и во четвртиот квартал да имаме уште
подобар и позабрзан економски раст во државата, рече Заев, посочувајќи
дека економските параметри за невработеноста, градежништвото,
платите… покажуваат дека работата носи раст.
Како што информираше Ангеловска, Буџетот е во одлична кондиција и
има одлична наплата на приходите. Вкупните приходи во периодот
јануари – август годинава се реализирани во износ од 130,3 милијарди
денари. Тоа е раст од 7,2 проценти во однос на истиот период лани и 61,8
проценти во однос на планираните за 2019 година.

актуелно буџет ребаланс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.