Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Уставен суд: Објавени се неосновани и непримерени квалификации за уставните судии, наскоро соопштение за деловничката интервенција
Македонија

Уставен суд: Објавени се неосновани и непримерени квалификации за уставните судии, наскоро соопштение за деловничката интервенција

ноември 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Судот мора со жалење да констатира дека во голем број дел од денешните објави на медиумите, беа изнесени неосновани и непримерени квалификации за органот и уставните судии“, се вели во соопштението на Уставниот суд во врска со денешните објави од повеќе медиуми по однос на последното дополнување на Деловникот на Уставниот суд.

Притоа, како што е наведено во соопштението, најголем дел од вестите беа објавени без претходно да се побара било какво објаснување, туку истото беше побарано откако медиумите ја објавија веста.

Од Судот велат дека наскоро ќе објават посебно соопштение со кое ќе ја образложат оваа деловничка интервенција.

Некои медиуми објавија дека уставните судии на 22 октомври сами си изгласале додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата за да бидат исти како судиите и обвинителите, но направиле преседан.

Додатоците си ги вметнале во Деловникот за работа на Уставниот суд, место Парламентот да им ги изгласа со закон.

Откако беше објавена веста дека уставните судии сами си изгласале додатоци за плата преку измени во Деловникот за работа, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска денеска рече дека нешто што треба да се уреди со закон не можат судиите да го направат преку Деловникот за работа.

„Она што сега можам првично да кажам е согледување на фактите. Факт е дека треба закон за работење на Уставниот суд. Факт е дека Уставниот суд работи по Деловник од 1991 или 1992 година, многу стар. Факт е дека неодамна, при крајот на октомври, Уставниот суд го променил Деловникот, земајќи одредби од Законот за судовите додал тука уште една одредба со која се дефинираат овие права. Но, факт е дека во Уставот стои дека со Деловникот на Уставниот суд се уредува начинот на постапување со нивните предмети, а не се уредуваат правата за нивен посебен додаток. Не може со Деловник да се уредува нешто што треба да се уреди со закон“, рече Ивановска на прес-конференција.

На ова реагираа од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ велејќи дека покачувањето на плата на уставните судии преку додаток на плата од цела 1/3 е незаконски и ништовно, но и крајно неморално во услови кога цела држава кубури со пари, заболените од Ковид немаат средства за лекување и затоа умираат, а илјадници родители немаат пари да им купат лап топ компјутери на своите деца за да ја следат наставата.

актуелно квалификации Уставен суд уставни судии
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.