УХМР ги измери температурите низ Македонија во осум часот, по дождот од синоќа.
Според мерењата на УХМР, утрово е најсвежо на Попова Шапка каде се измерени 11 степени. Потоа следи Берово со 15 степени.
Гевгелија е најтопол град во осум часот со измерени 24 степени. Во Скопје се измерени 19 степени.
Воедно, УХМР информира и каде наврнало најмногу дожд.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На поединечни места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигнува брзина до 40 километри на час.
Утринските температури ќе се движат меѓу 10 и 20 степени, додека дневните ќе достигнат од 26 до 33 степени.
Во Скопје, претпладнето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови во одделни делови од котлината се очекува пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе изнесува околу 17 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.







