„Фаличен пансион” (Fawlty towers) е прогласена за најдобра британска хумористична серија на сите времиња, според 42 стручни ТВ-лица кои го дале своето мислење за списанието „Рејдио тајмс“.
Монтипајтоновецот Џон Клиз во оваа серија го глумеше главниот лик Базил Фолти, а неговите куси реплики станаа британски фолклор.
Серијата се прикажуваше само во две сезони – 1975 и 1979 година, но времето и честите репризирања покажаа дека се работи за безвременска класика.
На второ место на листата се најде серијата „Отец Тед”, а на трето место – „Јас сум Алан Партриџ” со Стив Куган во насловната улога.







