Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Македонија е жртва на неефикасноста на француско-германската соработка
СВЕТ

Македонија е жртва на неефикасноста на француско-германската соработка

ноември 5, 2019Updated:ноември 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Со блокирањето на стартот на преговорите за членство во ЕУ со Северна Македонија и Албанија, францускиот претседател Емануел Макрон го шокираше и го поткопа регионот, чија стабилност е поврзана со стабилноста на европскиот континент“, оценува лондонскиот весник „Фајненшл Тајмс“ во анализата под наслов „Новото раководство на ЕУ мора да ги утврди своите правила во надворешната политика“.

Весникот оценува дека во случајот со Северна Македонија, потегот на Макрон ја покажал хипокризијата на ЕУ, потсетувајќи дека Унијата долго време ветуваше почеток на преговорите за членство доколку земјава најде компромис со Грција околу името, услов кој беше исполнет со Договорот од Преспа, што стапи во сила во февруари.

„За волја на вистината, Макрон не беше сам во изразувањето резерви кон проширувањето на ЕУ кон Југоисточна Европа. Данска и Холандија ја поддржаа Франција во спротивставувањето на преговори за членство на Албанија. Покрај тоа, кога Европскиот парламент ја усвои Резолуцијата за поддршка на започнувањето на преговори за членство со двете балкански држави, 136 европратеници или речиси една четвртина од оние што гласаа, го поддржаа ставот на Макрон“, оценува „Фајненшл Тајмс“.

Весникот смета дека Макрон е во право кога инсистира дека Унијата мора да се фокусира на внатрешните реформи, пред да прими нови членки, оценувајќи дека „најзначајниот проект на ЕУ“ – 19-члената Еврозона, останува до половина изградена куќа, а недостасува и широка европска акција во некои области како што се миграцијата и политиката за азил.

„Фајненшл Тајмс“ потсетува и дека се појавиле гласините оти вистинската цел на Франција е „засекогаш да ја затвори вратата на ЕУ за земјите од Западен Балкан“ и наместо тоа да им биде понудено членството во т.н. европска економска зона, со што тие држави би останале надвор од политичките институции на Унијата и би останале Европејци од втор ред.

„Неуспесите во Сирија и на Балканот се симптоми кои укажуваат на несигурната позиција на ЕУ во глобални рамки и на неефикасноста на француско-германската соработка. Но, ако ЕУ не може да ги реши работите пред својата врата, каде ќе може?, заклучува „Фајненшл Тајмс“ во својата анализа.

актуелно Макрон тајмс фајненшл
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.