Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филхармонијата ќе објавува носачи на звук
Култура

Филхармонијата ќе објавува носачи на звук

април 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од првиот концерт во новиот објект во октомври 2017-та, Филхармонијата редовно прави звучни снимки од сите концертни настани. Со  новата зграда и опремата што ја има од пред една и пол година, проработи и аудиопродукција за која порано беше задолжена Македонската радио-телевизија.

Од наредната година Филхармонијата планира да издава и цедиња од неколку концерти во сезона. Амбициите понатаму се да прави и видеоснимки од концертите односно целосна продукција бидејќи продуцираниот звук сега  ѝ  го дава на МРТ која го лепи на нивно видео.

Во студиото со многу вредна техника за тонско снимање и за озвучување на концертите, целиот систем е дигитален и мрежно врзан. Располага со сериозни брендови и стандарди за снимање – микрофони Neumann и AKG, озвучување JBL Vertec дигитална опрема од англискиот DIGICo,  снимач со конвертори на Prism Sound, студиски монитори Genelec…

А за контролата на звукот на концертите се грижат само тројца луѓе –  тон-мајсторите Ален Хаџи Стефанов и Ангел Ќосев заедно со раководителот на одделот за продукција Џијан Емин. Со нетрпение и подготвено, велат, ја чекаат одлуката Филхармонијата  да почне да издава носачи на звук.

„Сите концерти што се случуваат во нашата зграда и што се во наша организација ги снимаме мултиканално. Спремни сме од секој концерт да изработиме сериозна снимка која, доколку одлучи раководството, може да биде ставена на носач на звук. Веќе разговараме за неколку термини наредната година кои ќе бидат само за снимање цеде односно носач на звук. Така што, се „остриме“ идната година да избереме неколку такви термини – програми кои сметаме дека ќе бидат поатрактивни, со добри диригенти и добри солисти. Потребна е добра подготовка за снимање одреден концерт,  што потоа ќе се миксува за да биде на високо продукциско и уметничко ниво, изјави за МИА Џијан Емин, кој е и диригент во Филхармонијата.

Следен чекор, вели, е во иднина да оформат и видеопродукција за документирање на сите настани во нивната институција, а особено на симфониските концерти.

Малку се како тим, но она што ги држи во кондиција и на професионално ниво е меѓусебната усогласеност и знаењето  што, како и кога точно треба да се направи со сите  „копчиња“ во тонското студио и стручно да ги постават сите кабли и микрофони за снимање или ТВ-пренос.

„Тоа значи долги часови подготовка. Кога се прави генералната проба, ја правиме и ние. Се слушаат сите инпути, дали работат како што треба. Сето тоа што ние, тон-мајсторите, сме го наместиле, сите канали и микрофони, Џијан како главен продуцент го проследува на миксер. Тој тука преслушува сѐ што се случува горе во салата, внимава на секоја ситница, го мести звукот како што идеално треба да звучи, рече тон-мајсторот Ангел.

Покрај големата сала, Филхармонијата има и мала сала и честопати се случуваат паралелни настани, па тие тројца треба да се поделат за двете места. Сметаат дека можеби и се доволни за симфониските концерти, зашто начинот на нивното снимање е по стандард како во сите светски оркестарски сали и со ист принцип на местење на микрофоните. Но за хибридни проекти, велат – тука веќе дефинитивно сме куси.  Хибридните концерти се комплексни зашто рок или, на пример, електронска музика е поврзана со симфониски оркестар, се мешаат струја и акустика…

„Да ставиш еден електричен клавир и еден бас со засилувач или да ставиш пејач и оркестар, знае да те дебалансира во ваков случај. Бидејќи вклучуваш звучници, го возбудуваш просторот натприродно и автоматски имаш проблем. Звукот веќе не е природен. Не е како кога слушаш симфониски оркестар и она што го сработил диригентот со помош на салата – тоа е резултат кој те опколува и го примаш преку кожа. Кога ќе вклучиш разглас, веќе е сериозна манипулација, кажува тон-мајсторот Ален.

Реално не сме доволни да го правиме ова, додава Џијан и  ја посочува Берлинската филхармонија како врв во оваа работа, која има околу 150 вработени во аудио и видеопродукција.

„Не дека ние тројца сме супермени, но имало ситуации во кои навистина сме се чувствувале херојски зашто сме успеале да ги истуркаме работите на пристојно ниво. Акустиката во оваа сала не е дизајнирана за таков тип хибридни концерти, а ние немаме услови како да ја модифицираме за да можеме звукот да го приспособиме на нашите потреби, односно продуцентски желби. За акустичните концерти и технички неизмешаните имаме поголема контрола на звукот и повеќе шанси да направиме поквалитетен аудиозапис. Доколку се вклучат многу гитари, тапани, многу електроника и многу електрични произведувачи на звук, почнува да се јавува одреден проблем. Во некоја блиска иднина би требало да најдеме начин како да ги скротиме тие „ѕверски“ извори на звук, истакнува Џијан.

Имаат цел и идеи како да го постигнат посакуваното ниво на озвучување и начинот на кој би сакале да работат, но за какви било интервенции на сцената или во салата биле спречени, меѓу другото, и затоа што салата до скоро не беше во сопственост на Филхармонија.

„Салата од пред две недели е во наша сопственост. Не бевме во можност да правиме никакви модификации. Сега сме домаќини самите ние и од оваа точка можеме да правиме различни типови на модификации за да може да пристапиме кон нови начини на снимање и на озвучување различни видови концерти. Тоа се надевам ќе го постигнеме во наредната сезона, откако ќе се докомплетираме со микрофони кои во овој момент ги немаме и кои ќе бидат ставени на позиции за да не им пречат на музичарите при изведба. Ќе можеме да направиме модификации и на самата сцена и на акустиката. Можеби тоа ќе биде на половина од следната сезона, но не можам со сигурност да кажам. Ова е, сепак, државна институција и мала промена бара многу административни покренувања, што е мачно за нас како уметници, додава раководителот за продукција.

 

Хатка Смаиловиќ

фото: Фросина Насковиќ 

звук ноцачи Филхармонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Бугарија победи на Евросонг 2026

мај 18, 2026

Почнува јубилејниот 70. Евросонг

мај 13, 2026

Објавени пробите за настапите на „Евровизија“

мај 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.