Управата за финансиска полиција поднесе пријава против поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, за бесправно градење.
Како што, меѓудругото, се наведува во пријавата, Јакимовски во својство на градоначалник на Карпош како инвеститор на изведување работи за „Демонтажа, дислокација и изградба на четврта и петта барака на бул. `Партизански одреди` бр. 68“ и „изведба на демонтирани и четврта и петта барака во рамки на урбанистичката парцела на ОУ „Лазо Трповски“, во тек на 2012 и 2013 година без одобрение за градење и соодветна архитектонско-урбанистичка документација во име и за сметка на Општина Карпош изградил две бараки наменети за општинската администрација.
„Наместо да спречува дивоградби, градоначалникот С.Ј. дозволил објектот на Општина Карпош каде што е сместена општинската администрација да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектноско-урбанистичка документација, соопшти Управата за финансиска полиција.







