Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен
Економија

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ стабилен

декември 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава на ББ+ со стабилен изглед. Како што наведуваат од агенцијата, ова се должи на низата кохерентни макроекономски и финансиски политики и подобрите индикатори за
управување, развој на човечки ресурси и околина за водење бизнис во однос на ББ просекот.

„Фич“ пишува дека домашната политичка ситуација е нормализирана после подолг период на „политичка парализа“ од 2014-2017 година.

Согласно агенцијата, процесот на евроинтеграција останува приоритет на земјата и двигател на реформите.

Како што наведува агенцијата, проекцијата за раст на македонската економија за годинава 3,4 проценти од БДП, што претставува забрзување во однос на лани.

Нивните очекувања се растот да биде придвижен од домашната побарувачка.

Во извештајот се наведува дека инвестициите во првото полугодие од годинава пораснале за 10,4 проценти што, според агенцијата, се должи на зајакнатата доверба на инвеститорите и на растот на кредитирањето.

„Фич“ оценува дека трендовите на пазарот на труд се позитивни со раст на вработеноста за 2,2 проценти и намалување на стапката на невработеност за 0,7 процентни поени на 17,1 проценти заклучно септември.

Тие очекуваат растот на инвестициите и на вработеноста да бидат поттикнувачи на економскиот раст и догодина, како и растот на минималната плата, пензиите и платите во јавниот сектор.

Агенцијата посочува дека извозот растел брзо, 13,2 проценти заклучно со септември, и покрај слабостите во еврозоната, особено во автомобилската индустрија во Германија.

И увозот растел брзо, придвижен главно од увозот на суровини.

„Државниот долг е проектирано умерено да се зголеми од 40,7 проценти од БДП на крајот на 2019 година на 41,2 проценти на крајот на 2021“, пишува „Фич“.

Владините гаранции за јавни проекти, главно поврзани за проекти за патишта се очекува да се зголемат од 8,1 проценти од БДП во третиот квартал од 2019 на 10 проценти во 2020 година.

Банкарскиот сектор е оценет како стабилен и добро-капитализиран. – Депозитите растат за 10 проценти, додека уделот на денарски депозити во вкупните е зголемен и изнесува 61,3 проценти во вкупните депозити.

Кредитната активност е повисока за 7,4 проценти, пишува Фич и согласно нивните очекувања таа ќе порасне за 8,5 проценти догодина како резултат на зголемената побарувачка.

Во јуни годинава, „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на земјава од ББ на ББ+, што беше прво подобрување на кредитниот рејтинг на нашата земја после 13 години.

актуелно кредитен рејтинг фич
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.