„Претседателот на Франција Емануел Макрон и ја отвори на Русија вратата на Западен Балкан откако ги блокираше преговорите за пристапување на Северна Македонија и Албанија во Европската унија“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.
Таа ги повика лидерите на Унијата веднаш да ги започнат преговорите за пристапување, со образложение дека „Русија и Кина би можеле да ја пополнат празнината ако Унијата не се ‘утврди’ во регионот“.
Фон дер Лаен во говорот по повод 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид рече дека Европа побара многу нешта од Северна Македонија и Албанија и дека тие земји исполнија се што од нив беше барано, пренесува британскиот „Експрес“.
„Сега треба да го одржиме зборот и да ги започнеме преговорите“, рече Фон дер Лаен.
Таа, патем, додаде и дека ако ЕУ не ја отвори перспективата за земјите од Западен Балкан, други ќе ја пополнат таа празнина, а тие, како што напомена, можат да бидат Кина, Русија, Турција или Саудиска Арабија.
На неодамнешниот состанок на Европскиот советМакрон беше единствениот европски лидер кој ги блокираше преговорите со Скопје и Тирана, а успеа да ги убеди и Холандија и Данска да се спротистават на почетокот на преговорите со Албанија.







