Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хелсиншкиот комитет и Гласен текстилец бараат Владата да ги заштити текстилните работнички и да забрани работа за полицискиот час
Македонија

Хелсиншкиот комитет и Гласен текстилец бараат Владата да ги заштити текстилните работнички и да забрани работа за полицискиот час

јуни 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Хелсиншкиот комитет за човекови права и здружението Гласен Текстилец остро реагираат на најавите дека повеќе текстилни фабрики во Штип ќе работат за време на полицискиот час во викендот што следи.

„Согласно добиените информации од терен, фабриките веќе извадиле или се во процес на вадење дозволи за работа, а работодавачите им најавиле на своите вработени дека ќе работат за време на полицискиот час“, наведуваат од организациите.

Работењето за време на полицискиот час, во денови кога најмногу прогресира бројот на заболени во земјава од почетокот на пандемијата, според Хелсиншкиот комитет за човекови права и Гласен Текстилец, е крајно неодговорна одлука која директно ги загрозува здравјето и животот на текстилните работнички.

„Оваа одлука доаѓа во време кога е потребна најголема општествена одговорност и солидарност од работодавачите, институциите и работниците. Недозволиво е во град, кој ќе биде под 80 часовен карантин како резултат на зголемувањето на бројот на заразени со вирусот, од кои најголем број доаѓаат од текстилната индустрија, да се дозволи работа на текстилните фабрики. Особено е загрижувачки што најголемите прекршувања на превентивните мерки за заштита и спречување на ширењето на вирусот во Штип се случуваа при превоз на текстилните работнички за време на полициски час, во несоодветни автобуси, со непочитување на одредбата за смалување на капацитетот за превоз на 50 отсто од Уредбата за јавен превоз на патници и неможноста да се одржува препорачаната дистанца“, реагираат тие.

За да се заштити здравјето и животот на текстилните работнички, а во насока на превенција и справување со ширењето за вирусот, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Гласен Текстилец бараат од Владата на Република Северна Македонија да воведе целосна забрана за работа на текстилните фабрики во Штип за време на полицискиот час.

„Очекуваме Државниот инспекторат за труд и Државниот санитарен и здравствен инспекторат и понатаму будно да ја следат состојбата на терен и да ги санкционираат сите работодавачи кои нема да се придржуваат до мерките“, се наведува во соопштението.

„Гласен Текстилец“ актуелно влада полициски час текстилни работнички хелсиншки комитет
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.