Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хејнс: Путин се уште го сака поголемиот дел од Украина
СВЕТ

Хејнс: Путин се уште го сака поголемиот дел од Украина

јуни 30, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Рускиот претседател Владимир Путин сè уште сака да го окупира поголемиот дел од Украина, но неговите сили се толку исцрпени од борбите што веројатно ќе можат само постепено да напредуваат во блиска иднина, изјави вчера шефицата на американските разузнавачки служби Аврил Хејнс.

Директорката на националното разузнавање, наведувајќи ја актуелната проценка на американското разузнавање за војната што трае повеќе од четири месеци, рече дека консензусот на американските разузнавачки агенции е дека таа ќе трае „долго време“.

„Накратко, сликата е сè уште прилично мрачна, а односот на Русија кон Западот станува се поостар, рече Хејнс на конференција во Министерството за трговија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му кажа на американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на Г7 оваа недела дека сака војната да заврши до крајот на годината.

Но, коментарите на Хејнс сугерираат дека милијардите долари модерно оружје испорачано од САД и другите земји до украинските сили можеби нема да им дозволат да ја сменат ситуацијата во блиска иднина.

Таа оцени дека Путин сè уште има намера да го окупира поголемиот дел од Украина, иако украинските сили во февруари го отфрлија обидот на Русија да го заземе главниот град Киев, принудувајќи ја Москва да ја намали својата цел со заземање на целиот источен регион Донбас.

„Сметаме дека всушност ги има истите политички цели како порано, што значи дека сака да го окупира поголемиот дел од Украина, рече Хејнс.

Руските сили, сепак, се толку ослабени за повеќе од четири месеци борби што веројатно наскоро нема да можат да ја постигнат целта на Путин, рече Хејнс во својата прва јавна оценка за војната од мај.

„Забележуваме неповрзаност меѓу краткорочните воени цели на Путин во оваа област и можностите на неговата војска, еден вид неусогласеност меѓу неговите амбиции и она што војската може да го постигне“, рече таа.

Хејнс рече дека американските разузнавачки агенции гледаат три можни сценарија, а најверојатното од нив е жесток конфликт во кој руските сили „остваруваат постепени придобивки, без пробив“.

Други сценарија се голем руски пробив или успешно украинско стабилизирање на бојното поле со помал напредок, можеби во близина на градот Херсон, под контрола на Русија, и други области на јужна Украина.

На Русија ќе и требаат години да ги обнови своите сили, процени таа.

„Во меѓувреме, малку е веројатно дека руските трупи ќе можат да спроведат повеќе операции истовремено, продолжи таа.

Приоритет на Путин сега е освојувањето на регионот Донбас и колапсот на украинските сили, што, оценува Москва, „ќе предизвика слабеење на отпорот од внатре“, рече Хејнс.

 

 

МИА

актуелно путин Украина хејнс
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.