Продажбата на Хуавеи Мејт Про 20 во земјите од Западна Европа започна пред десет дена и по се изгледа за уредот има голем интерес.
Компанијата соопшти дека прелиминарните нарачки за смартфонот во овој регион во текот на првите 10 дена биле за цели 40 отсто повисоки од оние за П20 Про, кој досега го држеше рекордот на компанијата.
Хуавеи не објавува конкретни бројки, но очигледно компанијата е задоволна од промоцијата на телефонот на овој важен пазар каде што има многу корисници.







