Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: Тимјаник покажа дека на македонското население му треба едукација
Во Фокусот

Царовска: Тимјаник покажа дека на македонското население му треба едукација

јуни 12, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Тимјаник вчера покажа дека на македонското население му треба едукација. Природно е да се плашите од нешто што не го знаете. Не се откажуваме и ако треба уште 100 или 200 пати ќе се вратиме таму, рече денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На брифинг со новинарите во седиштето на УНИЦЕФ во Скопје, Царовска порача дека за надминување на вакви ситуации не се доволни само кампањи и дејствувања на граѓански организации, туку е неопходно интервенирање преку образовниот процес, уште од најраната предшколска возраст.

Освен на отворање мали групни домови, Министерството за труд фокусот го става и на згрижувачките семејства како еден од најдобрите облици на прифаќање деца без родители или со попреченост.

„За згрижување деца нема толку голем одѕив како што има за посвојување миленичиња. Мора да поработиме на ова поле зашто овој тип алтернативна форма на згрижување деца нуди најтопла атмосфера, како што е во нормалните семејства. Многу е важно да ги поттикнеме граѓаните што ги изгледале своите деца, а сакаат да споделат љубов, тоа да го сторат, нагласи  Царовска.

За претставникот на УНИЦЕФ во Македонија Бенџамин Перкс реакцијата на жителите од Тимјаник е очекувана и типична за случај кога се спроведува транзиција и кога на маса се ставаат тешки теми.

Според него, жителите на Тимјаник можеби не се толку исплашени од децата со попреченост, колку што се обременети со егзистенцијални проблеми како сиромаштијата, опфатот во детскиот развој, образованието, здравството,…

„За да не се повторуваат вакви ситуации, важно е населението да биде сослушано од локалните заедници и да се земат предвид неговите укажувања и проблеми, но треба и да му се објасни за што точно станува збор – потенцира Перкс, укажувајќи дека за конкретни резултати во еден ваков сложен процес е сепак потребно време.

Став на претставникот на УНИЦЕФ е и дека во однос на згрижувањето не е битно само да има доволен број заинтересирани семејства, туку тие да бидат и стабилни.

За две недели, откако почна кампањата на Министерството за труд и УНИЦЕФ, 75 лица пројавиле интерес за згрижување деца. Досега, 91 лице е сместено во тн. мали групни домови, а еден мал групен дом има капацитет за максимум седум деца или лица.

едукација македонија министерство население тимјаник УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.