Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе ги потврди листите за пратеници, на јавноста ќе ги соопшти во среда
Политика

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ во вторник ќе ги потврди листите за пратеници, на јавноста ќе ги соопшти во среда

март 4, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата официјално листите со кандидати на пратениците за изборите на 12 април ќе ги презентира на јавен настан што ќе се одржи во среда на 11 март. Претходно кандидатите и носителите на листите треба да бидат потврдени на седница на Централниот комитет што ќе се одржи на 10 март во вторник“, соопшти денеска на прес-конференција лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Деновиве, рече тој, привршуваат анализите во партијата и договорите со коалициските партнери и многу скоро би можело да се знаат имињата на носителите на листите.

Во врска со преименувањето на две училишта во општина Чаир рече дека нема зошто да ги коментира различните изјави на Зоран Заев и кажа дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласала против овој предлог кој, како што додаде, се прави во предизборен период кога граѓаните се чувствителни за одредени теми.

Потоа тој навраќајќи се на ова прашање на новинарите рече дека ја
коментира само процедурата и дека воопшто не зборува за имињата на тие училишта.

Укажа дека за министерот е важно преименувањето на две училишта во Чаир, но не и на пример реформирањето и реконструкцијата на  Средното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово каде учениците учат во супстандардни услови.

Коментирајќи го дополнителниот извештај на ЕК што беше објавен вчера, Мицкоски рече дека го прочитал и дека се согласува со него само во едно нешто, а тоа е барањето да се отпочнат преговори за влез на земјата во ЕУ, но потенцира дека тој ни оддалеку не ја отсликува реалноста во секторите што се наведени.

Мицкоски изрази убедување дека и да дојде тој датум тој процес ќе го води нова влада која ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ која, како што повтори, има непроменет став во однос на интегрирањето на земјата во ЕУ.

Според него, до колку после изборите влада формира СДСМ и Зоран Заев земјата никогаш нема да дојде до посакуваното членство.

Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече дека не може да се сложи дека билбордите на кој осамна ликот на Зоран Заев и кој вчера беа пребојувани се црна кампања, туку кажа дека тоа е констатирање на реалноста.

Според Мицкоски, Заев самиот го кажал тоа што било напишано на билбордите што се бојадисуваа, а потоа како што кажа вечерта дури биле и палени.

„Полицијата фати лица кои ги палат овие билборди“, рече Мицкоски, упатувајќи порака дека по 12 април ќе има одговорност.

„Би им порачал да ја прифатат критиката и да не уништуваат приватен имот“, рече тој.

На прашањето за ставот на ДУИ за постизборна коалиција победник со
победник кажа веќе дека го соопштил ставот и дека нема што да додаде
на тоа прашање.

актуелно вмро-дпмне листи за пратеници ЦК
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.