Од денеска до недела на седум локации во Скопје ќе се одржи „Скопје стрит мјузик фестивал“. На фестивалот ќе настапат 25 солисти, групи и ансамбли во живо, на отворен простор.
Кабадајас, Вај нот, женскиот хор Св. Злата Мегленска, Антоние Весковски, Елена Чадиковска, Боса Ун Дер Ковер, Пеперминт и други ќе изведуваат авторска музика, но и преработки на познати песни.
За време на фестивалот посетителите ќе можат да слушнат рок енд рол, џез, боса нова, етно, класична и филмска музика.
Локациите на кои ќе се одржува фестивалот се: Плоштад Македонија, Градски Парк, ТЦ Лептокарија, Паркот на авиончето во Аеродром, Плоштад Скендербег, платото пред Универзална сала и Боемска улица, а настапите ќе започнуваат во три термини: од 18, 20 и 22:00 часот.
Отворањето на фестивалот е вечерва во 19 часот на плоштад Македонија.







