Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Четириесетина филмови на 9. Филозофски филмски фестивал
Култура

Четириесетина филмови на 9. Филозофски филмски фестивал

мај 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од 9 до 16 мај во Кинотеката ќе се одржува 9. Филозофски филмски фестивал (ФФФ), на кој годинава ќе бидат прикажани 40-ина филма, со гости од земјава и од странство, кои во ревијалниот дел ќе имаат предавања. И оваа година фестивалот, кој е специфичен по тоа што нуди поинаква перспектива на гледање филм, ќе ја истражува трансдисциплинарната област од пресекот меѓу филмот и филозофијата.

Програмата денеска на прес-конференција ја соопшти директорката на ФФФ Ана Дишлиеска-Митова. Поделена е во седум сегменти: ревијална програма со тематски дел филм-филозофија; ретроспектива на филмови од Вим Вендерс; „Балтичкиот нов бран и поетскиот документарен филм“; две натпреварувачки програми – за долгометражен и за краткометражен филм, едукативна и придружна програма.

По проекциите на секој од седумте филмови од ревијалната програма ќе има тематски излагања на шестемина гости на фестивалот: Марјан Вујовиќ од Југословенската кинотека во Белград; академик Катица Ќулавкова од МАНУ; Наум Трајановски, докторанд на Институтот за филозофија и социологија на Полската академија на науки во Варшава; Кристине Бриеде, режисерка од Летонија;  Габриела Калчи Новати, визитинг-професор на Тринити колеџот во Даблин и Дејвид Сорфа, професор за филмски студии на Универзитетот во Единбург.

Фестивалот идниот четврток ќе почне со „Небото над Берлин“ од Вендерс, режисерот од кого од 27 до 30 мај ќе бидат прикажани уште четири филма: „Токио-Га“; „Солта на Земјата“;  „Соба 666“ и „Пина“. Инспирација за ретроспективата е книгата на Вендерс „Замислување на мирот: дијалог за перцепцијата“ која преведена на македонски ќе ја објави Филозофското друштво на Македонија, кое е вклучено во организирањето на ФФФ.

Во натпреварувачката програма на долгометражни филмови се шест остварувања кои ќе се прикажуваат од 10 до 15 мај: „Наме“ во режија на Заза Калваши; „Дишење во мермер“ на Гиедре  Беинориуте; „„Градина“ на Питер Шранјер; „8 минути и 19 секунди“ – бугарски омнибус инспириран од прозата на Георги Господинов;  „Крадци на гулаби“ на режисерот Осман Наил Доган и „Стикс“ на Волфганг Фишер. За нив ќе одлучува тричлено жири, во состав: Милчо Манчевски, Бошко Караџов и Дејвид Сорфа.

Во две вечери, на 13 и 14 мај, ќе бидат прикажани 19 кратки филмови во компетитивната програма, меѓу кои се и два македонски – „Почетокот“ во режија на Агим Абдула и „Кога нè нема“ на Стефан Палитов. Ревијално во оваа програма ќе биде прикажан и „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов. За двете натпреварувачки програми ќе бидат доделени по две награди „Златен був“ – од жирито и од публиката.

Фестивалот ќе има и интересна придружна програма – аудиовизуелен перформанс на „Post Global Trio“ по проекцијата на 10 мај , документарен филм за современиот филозоф Ален Бадју, филм за влијанието на Жак Дерида и џез-вечер на „Silent Spring Quartet“ во кафе-бар „Мартини“ со што на 16 мај ќе заврши 9. Филозофски филмски фестивал.

Во рамки на едукативната програма, пак, која почна на 7 март, на 3 мај во 11.30 часот на Филозофскиот факултет ќе бидат доделени наградите од Конкурсот за најдобар средношколски филозофски есеј, на тема: „Homo homini lupus est: Колку чини една насмевка?“.

Директорот на Филозофското друштво на Македонија Љупчо Митковски соопшти и други настани во едукативната програма, меѓу кои  работилница за млади „Филозофија и филм“ со професорот Стефан Сидовски, како и „Фил(м)ософија за деца“ со Јоана Хокен, доктор по филозофија од Франција. По завршување на фестивалот, од 20 до 23 мај, дел од филмовите со ФФФ Караван ќе бидат прикажани во Штип, Свети Николе, Прилеп и Битола.

Фестивал филмски филозофски
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Првиот фестивал на кинески филмови ќе биде отворен со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“

октомври 2, 2026

Њујорк тајмс“ ги избра најдобрите серии на 21 век

септември 29, 2026

Враќање на Селин Дион на сцената, по шестгодишно отсуство поради сериозна болест

септември 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.