Папата Фрањо денеска, на првата јавна миса во престолнината на Чиле, Сантијаго, се молеше за простување поради „непоправливите штети“ направени на децата кои во таа земја ги злоставувале католичките свештеници.
Пред јавната миса, папата се сретна со претседателот на Чиле, Мишел Башеле, после што им се обрати на пратениците, судиите и другите официјални лица во палатата Ла Монеџо, каде што рече дека чуствува срам што чилеанските свештеници во минатото злоставувале деца, пренесува АП.
„Исправно е да се бара прошка и да се направи се што е можно за да се поддржат жртвите“, рекол папата.
Како што наведува агенцијата, папата Фрањо не го споменал Фернандо Карадимо, чилеанскиот свештеник педофил, кому Ватикан му изрече доживотна казна „покајание и молитва“ поради злоставување на деца.
Папата има лоша репутација во Чиле. Пред неговото доаѓање, во текот на ноќта, биле запалени три католички цркви, а повредени немало.
„Луѓето ја напуштаат црквата затоа што таму не пронаоѓаат заштитен простор“ изјавил портпаролот на групата црквени членови, Хуан Карлос Кларет.







