Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска – Бошковиќ: Македонија заслужува да биде следната членка на НАТО
Македонија

Шекеринска – Бошковиќ: Македонија заслужува да биде следната членка на НАТО

мај 23, 2018Updated:мај 23, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вицепремиерката и министерка за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска денеска во рамки на посетата на Црна Гора имаше официјални средби со министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, како и со претседателот Мило Ѓукановиќ и шефот на парламентот, Иван Брајовиќ.

На средбата со црногорскиот министер за одбрана, како што соопшти Министерството за одбрана, било заклучено дека Македонија и Црна Гора имаат исклучителна блиска одбранбена соработка која ќе продолжи да се развива и во иднина.

Министерката Шекеринска се заблагодарила за големата поддршка која Македонија ја добива од Црна Гора за членство во НАТО, истакнувајќи дека Македонија превзема решителни чекори за домашни реформи, но и за решавање на долгогодишниот спор со Грција.

Министрите заклучиле дека брзата евроатлантска интеграција ќе влијае на зацврстување на мирот и безбедноста и ќе отвори пат кон економски развој и просперитет на целиот регион.

„Македонија го заслужи членството во НАТО со бројните реформи. Нашето членство носи стабилност за целиот регион, истакнала министерката по средбата.

Во контекст на тоа посочила дека одлуката на НАТО за прием на Црна Гора покажа дека политиката на отворени врати функционира.

Според неа, таа одлука за нас е потсетување и инспирација. Потсетување дека државите може да испуштат или да создадат историска шанса и инспирација дека високите амбиции на малите држави може да се реализираат.

Министерот за одбрана на Црна Гора нагласил дека односите меѓу Црна Гора и Македонија се пример за соработка во регионот. Тој додал дека двете држави делат заедничка иднина и дека Црна Гора сака да ја види Република Македонија како членка на НАТО.

„Црна Гора смета дека Македонија заслужува да биде следната членка на НАТО, тоа придонесува за стабилноста на регионот, истакнал тој.

Министерот Бошковиќ посочил дека двете држави имаат одлична соработка изразена преку конкретни активности како што се заеднички вежби за одговор во кризи и вежби за планинско војување, како и преку придонесот на двете држави во глобална безбедност во меѓународните мисии.

Министерката Шекеринска во Црна Гора се сретна и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и со претседателот на Собранието, Иван Брајовиќ. На средбите соговорниците ги потврдиле одличните билатерални односи и истакнале дека тие треба да бидат пример за соработка во регионот. Притоа била изразена целосна поддршка за членство на Македонија во НАТО и натамошно стабилизирање и развој на регионот, соопшти Министерството за одбрана.

актуелно македонија НАТО црна гора
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.