Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Членството на Македонија во НАТО е инвестиција во стабилноста на регионот
Македонија

Членството на Македонија во НАТО е инвестиција во стабилноста на регионот

мај 6, 2021Updated:мај 7, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Италија и Македонија имаат одлична билатерална соработка базирана на заедничката цел: стабилен и просперитетен Балкан за силна Европа.

Придонесот на македонската Армија во КФОР во Косово, под команда на италијански генерал, уште повеќе го засили сојузништвото меѓу двете земји и дава придонес кон безбедноста на евроатлантската област, се согласија денеска на средбата во Рим министерката за одбрана Радмила Шекеринска и нејзиниот италијански колега Лоренцо Гуерини.

Доказ за зацврстувањето на односите во одбраната, е обновата на Договорот за одбранбена соработка меѓу Северна Македонија и Италија, при што Договорот доби неограничена важност.

Како што соопшти МО, министерката Шекеринска на средбата истакна дека по членството во НАТО, Северна Македонија дава придонес во колективната безбедност во Алијансата.

-Северна Македонија на тоа поле забрзано работи. Ние сме најновата членка на НАТО, што нè прави уште помотивирани да бидеме препознатлив сојузник кој дава значаен придонес во безбедноста на сите триесет земји. Развојот на нашиот најголем полигон, ’Криволак’, кој од високи НАТО – офицери е оценет како полигон кој нуди сеопфатни услови за развој на интероперабилноста, значи и развој на Алијансата.

Македонската Армија започна процес на опремување и модернизација кој е овозможен од стабилното буџетирање на одбраната од кое не отстапуваме, рече министерката Шекеринска.

Таа го информираше својот колега за одлуката Армијата на Северна Македонија да испрати штабен офицер во составот на италијанскиот НАТО деклариран корпус.

Италијанскиот министер Гуерини порача дека пристапувањето на Северна Македонија во НАТО е значаен чекор кон зголемувањето на стабилноста и безбедноста на целиот балкански регион. Тој изрази силна поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и што поскоро одржување на првата меѓувладина конференција.

Балканот мора да биде стабилен – се согласија Шекеринска и Гуерини, а обновата на европската перспектива е важен чекор за безбедноста на регионот.

Министерката Шекеринска во италијанскиот Сенат се сретна и со претседателката на Комисијата за одбрана, Роберта Пиноти, на која се разговараше за соработката во доменот на одбраната. Пиноти на министерката и изрази силна поддршка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

актуелно гуерини северна македонија шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.