Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска: Северна Македонија де факто функционира како членка на НАТО
Македонија

Шекеринска: Северна Македонија де факто функционира како членка на НАТО

август 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Членството во НАТО е прашање на недели и никој нема дилеми дека земјава функционира како де факто членка на Алијансата.

Ја добивме поканата, многу брзо и успешно го завршивме процесот на преговори, и ниту една земја-членка не отвори ниту едно спорно прашање за ратификација на протоколите.

Ова денеска го изјави вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, на потпишувањето на договорите со питомците за стручно оспособување и усовршување на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, одговарајќи на прашањето до каде е процесот на ратификација на протоколот за членство на земјава во Алијансата.

Посочи дека процесот на ратификации на Протоколот за членство на земјава во НАТО течеше неочекувано и многу брзо, што, според неа, е реткост за која било земја.

Рече дека останаа уште неколку земји каде што процесите на ратификација се во завршните фази и изрази очекување оваа есен процесот на ратификација да го завршат и САД, Велика Британија, Франција, Италија, Шпанија, Исланд и Холандија, каде вториот дом на Парламентот треба да ја донесе одлуката.

„Во ратификациите на вакви протоколи, секогаш има факор икс. Доволно е видите што се случуваше во Италија и Шпанија со можноста за предвремени избори, и да видите дека тука планирањето многу не помага. За нас е добра вест кога чувме дека е направен договор за нова италијанска Влада, и се надеваме оти тоа значи дека Парламентот ќе биде активен и ќе ја продолжи ратификацијата“, додаде таа.

Потсети дека и во Велика Британија исто така има некои политички превирања.

„Таму беа доволни пет дена предлогот да биде ставен во процедура и практично на завршувањето на тие пет дена да се смета одлуката да биде донесена. Но сега заради суспензиите на Парламентот се уште не се јасни сите детали и сите термини за да можеме да претпставуме кога ќе се случи“, појасни министерката Шекеринска.

Амбасадорите на 29-те земји-членки на 6 февруари годинава во седиштето на НАТО го потпишаа Протоколот за членство, а прва го ратификуваше Грција.

Очекувањата се дека по завршувањето на ратификациите на протоколот, во декември земјава ќе добие одлука за полноправно членство во Северноатлантската алијанса.

НАТО северна македонија шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026

Петрушевски: ЈО да истражи дали Богац требал да добие 10% од местениот тендер вреден 18 милиони денари

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.