Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска смета дека има добра шанса за фер кампања, за Николоски стартот е лош
Македонија

Шекеринска смета дека има добра шанса за фер кампања, за Николоски стартот е лош

февруари 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Кампањата за избори ќе биде валкана, но искуството од претседателските избори кои беа во позитивна атмосфера во однос на тие од 2014-та се добра шанса за демократска, фер и позитивна кампања, смета заменик-претседателката на СДСМ и министер за одбрана Радмила Шекеринска. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, пак, оцени дека стартот е многу лош зашто се дерогира моделот на Пржинска (техничка) влада.

-Ќе имаме тешки избори, кои ќе бидат далеку од фер и регуларни, но и во такви услови ние сме убедени дека ќе добиеме поддршка од граѓаните, дека ќе победиме и ќе ја формираме следната влада. Во кампањата ќе зборуваме само за криминал и она што го тишти народот, а тоа е изгубеното национално достоинство и нарушената економија. Во однос на кандидатурите, правиме анализи кои очекуваме да завршат следната недела. Можам да најавам дека ќе имаме далеку поголема коалиција од претходно, а доаѓаат и нови политички партии со кои разговараме овие денови, рече Николовски во гостување во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Шекеринска најави дека листите за пратеници што ќе ги предложат ќе покажат колку државата се менува и ќе бидат застапени и мажи и жени.

– Нема да ја имаме машката политика на ВМРО-ДПМНЕ. Во листите ќе бидат претставници на сите етнички заедници. И многу ќе зборуваме за корупцијата, и за криминалот, и за оној што се откри, и за оној што сè уште не е откриен, а ќе зборуваме многу и за економијата.  Дискутираме со широк круг партии, мислам дека повторно ќе имаме голема коалиција како и претходните пати, рече Шекеринска.

Лошиот старт на кампањата, според Николоски, е поради „сериозни индиции од терен за нудење поткуп на гласачи“, а удари на кредибилитетот на изборниот процес, како што рече, се разрешувањето на министерката Мизрахи, илјадниците вработувања откако е формирана техничката влада и неможноста на министерот за внатрешни работи да направи поместувања по хоризонтала зашто Владата ги укинала.

-Можеби не треба да се плашиме од валкана кампања, но можеби треба да се плашиме од кампања во која ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ќе си прибележува по едно алиби за пораз. Да се жалите со информации за потпуп кога имате министер за внатрешни работи не е дел од сериозна дискусија, рече Шекеринска, додавајќи и дека  ВМРО-ДПМНЕ  имала целосна слобода да предложи повторно министер.

Во однос на зачленувањето во НАТО, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека прашањето е цената со кое тоа е платено. -Преспанскиот договор е нешто што не ѝ носи добро ниту на Македонија, ниту на македонскиот народ, рече Николоски.

Според Шекеринска, ВМРО-ДПМНЕ го покажала своето антизападно и анти НАТО лице, и во минатите две години,  рече, опозициската партија направила сè за да го спречи членството во НАТО.

-Кога сметате дека Преспанскиот не носи ништо добро, тогаш и НАТО-членството, кое со пола уста го поздравивте, не носи добро на државата. Не е во ред за најголемите, најсуштинските и најстратешки прашања опозицијата да води ситна политика, рече Шекеринска, додавајќи дека  пратениците на ВМРО-ДПМНЕ немаат проблем со името Северна Македонија за плаќање трошоци на сметка од Собранието, а им пречи само кога треба да гласа за законот за одбрана.

Во полемиката за судските процеси и за потеклото на имот, Шекеринска го повика ВМРО-ДПМНЕ да ги предаде во ЈО сите докази за кои тврди дека постојат. Во однос на случајот „Талир“ рече дека за две години не е одржано ни едно рочиште поради постојаното одлагање на барање од одбраната кое, рече, е „резултат на барања, врски и конци на ВМРО-ДПМНЕ во судството“.

На прашањето зошто е ВМРО-ДПМНЕ во минус од осум милиони евра, Николоски одговори дека е поради банкарски кредити и најчесто е направен пред партијата да ја презеде сегашното раководство.

актуелно шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.