Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шилегов: Загадувањето ќе се реши со системски промени на среден и на долг рок
Локално

Шилегов: Загадувањето ќе се реши со системски промени на среден и на долг рок

ноември 27, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Проблемот со загадувањето е резултат на повеќедецениска негрижа и не може да се реши поинаку освен со систем кој ќе ги таргетира корените односно кој ќе гарантира промени на среден и на долг рок. Тој пристап подразбира активности на централната и на локалните власти, но и активно вклучување на НВО, Академијата, бизнис заедницата односно на сите засегнати граѓани. Ова го истакна градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов на отворањето на семинарот насловен „Скопје наспроти предизвиците на животната средина“ организиран од Францускиот институт во Скопје.

Градот Скопје, додаде тој, изминативе 12 месеци посветено работеше на подобрување на животната средина во најголем дел на намалување на аерозагадувањето, на загадувањето на водите, почвата, но и бучавата.

„Мора да разбереме сите, особено во Скопје дека сите сме дел од проблемот и сите заедно мораме да бидеме дел од решението. 70.000 домови што се надвор од организираниот систем на затоплување се главен извор на загадувањето и придонесуваат до 53 проценти во аерозагадувањето. Од 39 мерки кои ги потпишав со граѓанските организации во текот на предизборната кампања изминатата година остварени се 17, започнати се 12, а пет не се во надлежност на градот. Јас сум спремен со секој да разговарам квалитетно, а не политикантски. Отворени сме за сите критики и сите сугестии. Лично сум посветен на заложбите за чист воздух и здрава животна средина оти нема ништо поважно од нашето задравје, здравјето на нашите деца и од здрава животна средина, рече Шилегов.

Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули истакна дека работите во животната средина не се решаваат со популизам, туку врз база на научни сознанија и факти, а планот на Владата за справување со аерозагадувањето е прв реален и кредибилен документ кој носи решенија.

„По првпат борбата со аерозагадувањето стана програма на Владата на РМ.Тоа значи нема да зависи од поединци, туку од сите сектори и нема да зависи од еден мандат на некоја влада, туку ќе остане стратешка определба на РМ како да се справи со аерозагадувањето, рече Макрадули.

Програмата, како што посочи, има неколку компоненти во делот на мониторингот, инспекцијата, јавните кампањи, неопходните законски измени и активности кои се поврзани со изворите на загадувањето. Драстично е променет принципот, додаде Макрадули, бидејќи не го мериме загадувањето, туку се справуваме со изворите на аерозагадувањето.

Пред присутните се обрати и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој рече дека во справувањето со проблемот на загадувањето и заштитата на животната средина постои една итност, бидејќи се работи за нашата безбедност и здравјето на граѓаните.

„Граѓаните протестираат, но нештата сепак напредуваат во Скопје, а семинарите се практичен и помалку скап начин да ги спроведеме применливите решенија, рече Тимоние.

Тој потсети дека Франција го донесе својот Закон за мобилност во услови кои се доста комплексни, но и кои сведочат за одлучноста на претседтелот Макрон и на француските власти да ја спроведат енергетската транзиција. Имено Законот е усвоен во 2018 година, а целта е намалување за 30 проценти на посилните горива до 2030 година во споредба со 2012.

Законот предвидува и создавање зони на слаба емисија во градовите поголеми од 100.000 жители, што е во согласност и со препораките од Парискиот климатски договор, кој ги преминува националните граници и не засега сите, рече Тимоние.

актуелно загадување македонија скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.