Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шилегов: Набавената скала ја гарантира безбедноста на скопјани и на пожарникарите
Скопје

Шилегов: Набавената скала ја гарантира безбедноста на скопјани и на пожарникарите

мај 4, 2021Updated:мај 5, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Ова е прва противпожарна скала која се купува во државата. Јас не сум стручен, ниту имам претензија да бидам стручен на таа тема, затоа техничката спецификација и потребата која ќе ја гарантира безбедноста на скопјани од една страна, но и безбедноста на пожарникарите од друга страна, е работа која ја направија од Противпожарната бригада, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Скопскиот градоначалник денеска на прес-конференција во одговор на прашање за обвинувањата од ВМР0-ДПМНЕ околу наводната „спорна“ набавката на противпожарната скала, посочи дека опозицијата шири лажни вести и оти е најважно тоа што „првпат во историјата, од 45-та година навака“, е набавена ваква специфична и софистицирана опрема.

Тој појасни дека од Противпожарната бригада рекле каков тип на скала е потребна и со каква дополнителна опрема и таа била предмет на јавна набавка спроведена од страна на Градот.

Шилегов додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ шират лажни вести, правејќи споредба со скалата на градот Загреб.

„Членовите на Комисијата се од Противпожарната бригада, не е градоначалникот, тие ја водеа постапката. На тој меѓународен тендер добила фирма која добила, опремата која ја имаме набавено е сериозно различна, и јас вчера соопштив само дел од тоа по што ние се разликуваме од градот Загреб, рече Шилегов.

Тој нагласи дека скалата ќе биде во функција за граѓаните на Скопје некаде на крајот на овој месец.

„Да дојдете на моја позиција и да сте градоначалник на Скопје, седнувате и ги гледате аномалиите на Градот, и констатирате дека стручните служби на Градот и Противпожарната бригада од вашите претходници барале набавка на скала, затоа што во моментов ние немаме техничка можност како Противпожарна бригада и како Град да помогнеме на кој било граѓанин на Скопје кој живее над петтиот спрат, потенцира Шилегов.

Тој посочи оти во споредба со скалата набавена во градот Загреб, нашата е далеку поквалитетна во смисла на дополнителната опрема и дополнителната безбедност.

Градот Загреб купил 42-метарска скала, без дополнителна опрема. Таа е шеста во Загреб во изминативе 30 години. Пред моето доаѓање, овој град 27 години го водеше ВМРО-ДПМНЕ. Ова е прва ваква скала која се купува во Македонија. Јас не сум стручен, ниту имам претензија да бидам стручен на таа тема, затоа техничката спецификација и потребата која ќе ја гарантира безбедноста на скопјани од една страна, меѓутоа и безбедноста на пожарникарите од друга страна, е работа која ја направија Противпожарната бригада, додаде градоначалникот.

Шилегов потсети дека е транспарентен и оти на своја иницијатива го однел предметот во Антикорупциската комисија, бидејќи како што рече, во набавката нема ништо спорно, ниту сомнително. Тој побара од Антикорупциска да го отвори предметот, а целата документација може да биде достапна и до медиумите.

Идејата да се прикрие сопствената непсособност, да се определуваат приоритетите при трошење на јавни пари и да потрошите 2 милиони евра на железна ограда, а да спиете со товар дека над петти кат немате безбеден граѓанин во градот Скопје затоа што не сте набавиле противпожарна скала, за мене е неприфатливо. Јас сум толку транспарентен што велам, јас го поднесов предметот, јавно ја повикувам со Мицкоски целата советничка група, ќе ви ја доставиме целата документацијата во име на транспарентоста, додаде Шилегов.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/2858167074456531

 

 

 

 

ИЗВОР: МИА

 

безбедност набавка скала Шилегов
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

мај 14, 2026

ФЗОМ ја разгледува можноста породилното да се продолжи на 12 месеци

мај 6, 2026

Денеска се одбележуваат 123 години од загинувањето на Гоце Делчев

мај 4, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.