Фудбалската репрезентација на Германија, актуелниот светски првак, е елиминирана од Светското првенство во Русија. Германците во последното коло од Група Ф во Казањ загубија од Јужна Кореја со 2:0, додека Шведска со 3:0 го победи Мексико во Јекатиренбург.
Германија беше фаворит во групата е еден од најголемите фаворити за освојување на титулата првак на светот, но прв пат после 1938 година од некое натпреварување се збогува после првата фаза.
Јужна Кореја и покрај победата, исто така, го заврши учеството на Мундијалот, но на трето место во групата со освоени четири бодови, колку и Германија, но со полоша гол разлика.
Победата на Јужна Кореја и ја донесоа Јунг-гвон Ким во 91 минута и Хеунг-мин Сон во 95 минута.
Шведска поведе во почетокот на второто полувреме, односно во 50 минута со погодокот на Лудвиг Аугустинсон. На 2:0 во 62 минута зголеми Андреас Гранквист од единаесет метри, а конечниот резултат со автогол, после несмасна реакција во својот петерец, го постави Едсон Алварес.
Репрезентацијата на Шведска натпреварувањето во групата Ф го заврши на првото место со шест бодови, колку што има и второпласираната репрезентација на Мексико, но со полоша гол разлика.
Шведска во осмина финалето ќе игра против второпласираниот од Групата Е, додека Мексико оди на првопласираниот од истата група.








