Почетокот на 32. сезона на „Симпсонови“ го обележа дебитирањето на Алекс Десерт кој го позајмува гласот на Афроамериканецот Карл Карлсон – пријателот на Хомер
Симпсон.
Карл досега го толкуваше глумецот Хенк Азарија, инаку белец.
Цртаната серија претходно беше критикувана за тоа како, на пример, Индиецот во приказната – Апу е претставен преку оној карактеристичен индиски нагласок, но и другите „малцински“ ликови. И тој лик скоро 30 години, е натсинхронизиран од Хенк Азарија.
Многумина го поздравија овој потег на продукциската компанија Фокс и поголемата застапеност на малцинствата. Продуцентите направија сличен потег и со серијата „Семеен човек“, каде што од неодамна ликот Кливленд Браун го толкува црнецот Ариф Захир.







