Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Што доби патната карта во 2019?
Економија

Што доби патната карта во 2019?

јануари 5, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Податоците на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) покажуваат дека минатата година се завршени проекти во патната инфраструктура во вредност од 237 милиони евра или 505 километри патна мрежа.

Сликата на терен во патната инфаструктура минатата година ја обележаа пуштањето во употреба на автопатот Миладиновци – Штип, продолжувањето на изградбата на автопатот Кичево – Охрид за којшто беше обезбеден дополнителниот заем од 178 милиони евра, тендерските постапки за Скопје – Блаце, продолжувањето на градежните работи на четири експресни патишта, како и обновата на магистрални, регионални и локални патишта, модернизацијата на
патарините со електронска наплата.

ЈПДП, кое е носител на патните инфраструктурни проекти, заклучно со 30 декември лани реализирало 84,67 проценти проценти инвестиции од Годишната програма, односно 11.106.135.792 од планираните 13.116.800.00.

Од сопствени средства реализацијата е над 100 проценти и изнесува 3.069.549.777, додека од странски кредити биле вложени 10.212.300.000 денари, или 78,70 проценти.

Во делот од странски кредити влегува и изградбата на автопатот Кичево – Охрид каде што на терен се заокружени 64,2 проценти.

Со дополнителното задолжување од 178 милиони евра од кинеската Ексим банка треба да се интензивираат активностите на терен и да се работи на утврдените пропусти на автопатот што ги објави актуелната власт по преземањето на раководењето со институциите во ресорот транспорт.

Вкупната вредност на овој проект изнесува 684,7 милиони долари.

Потребата за обезбедување дополнителни 179 милиони долари, според Владата, произлегува од непредвидени и дополнителни работи за тунелот Пресека, за широк ископ и санација на свлечишта, непредвидени и дополнителни работи за изградба на осум денивелирани патни јазли: клучки и еден алтернативен пат од Врбјани до патен јазол Арбиново.

Патната мрежа лани доби и 47 километри автопат.

Израдбата траеше четири години и осум месеци, а ја спроведуваа две влади.

Првичната вредност изнесуваше 226,7 милиони евра, но беше направена заштеда од 44 милиони евра и изградбата беше завршена со 177,3 милиони евра.

Делницата има седум клучки, кај Миладиновци, Средно Коњаре, Преот, Свети Николе – север, Свети Николе – југоисток, Кадрифаково и Три Чешми, како и пет големи вијадукти, еден голем мост на река Пчиња, неколку помали моста, 13 натпатници, 35 потпатници…

Граѓаните и бизнисот се во исчекување и на изградбата на автопатите Скопје – Блаце и Гостивар – Кичево. Минатата година беа спроведени два тендера за изградба на првиот дел од автопатот Скопје – Блаце.

Првиот тендер беше поништен откако пристигна само една понуда што го
надминуваше планираниот износ за оваа јавна набавка.

На повторениот тендер што заврши минатиот месец победи компанијата „Гранит“ и се очекува по истекот на рокот за жалби да се склучи договор.

Очекувањата на Владата се работите на терен да стартуваат во првиот квартал годинава.

Повеќегодишно ветување за автопатско решение како од претходната така и од сегашната Влада е и автопатско решение од Гостивар до Кичево.

Засега има само проектни активности за првата фаза од Кичево до Букојчани, што треба да заврши до јуни.

За тој дел е обезбеден грант од ЕБРД во износ од околу 17 милиони евра, како и два милиони евра за проектирање на вториот дел од Букојчани до Горна Ѓоновица.

Минатата година во јули беше воведена електронска наплата на патарина на Коридорот 10 на наплатните станици Романовце, Отовица, Сопот и Градско, како и Петровец, на која локација пак беше ставен во функција и Оперативниот центар за мониторирање и безбедност на патиштата.

За годинава се ветени активности за модернизација на патарините Миладиновци, Глумово, Желино, Тетово и Гостивар на Коридорот 8 со заем од ЕБОР во износ од 13 милиони евра.

Со тој тендер е опфатена и изградба на две на автопатот Миладиновци – Штип и една на автопатот Кичево – Охрид.

Се очекува ЕБОР да ја одобри тендерската документација и да почне постапката, односно да има електронска објава од ЕБОР и Бирото за јавни набавки за меѓународни постапки.

Рокот за доставување понуди е 60 дена од денот на објавата.

Се очекува во март годинава да се склучи договор со најповолен изведувач, по што за една година треба да се изградат три нови наплатни станици и да се изврши модернизација на постојните наплатни станици.

За годинава, според најавите, треба да има и нов тендер за делницата Фариш – Дреново, која е втора фаза од експресниот пат Градско – Прилеп.

Раскинатиот договор со шпанскиот изведувач е предмет на арбитража, надзорот врши пресек на завршените работи од 35 проценти и треба да биде распишан нов тендер.

Првата фаза од Градско до Дреново проектирана на 15,5 километри е со 28 проценти реализација, додека за третиот дел од Ленишка Река до Прилеп во должина од осум километри до крајот на месецов треба да заврши проектирањето, тендерот да се распише во март.

Експресниот пат Штип – Радовиш бележи 77 проценти реализација на првата фаза од Штип до Бучим, а месецов треба да се склучи договор за вториот дел од Три Чешми до Штип.

Прогрес од 82 проценти има на првата фаза од Штип до Крупиште од експресниот пат Штип – Кочани, а од Крупиште до Кочани осум проценти.

Околу 20 проценти е прогресот на двете делници од експресниот пат Ранковце – Крива Паланка.

Тој дел од државата нема да добие автопатско решение, но ќе се проширува со уште една лента патот од Крива Паланка до Деве Баир, за што се обезбедени 12
милиони евра.

Во наредниот период ќе се реализира нов проект за рехабилитација, реконструкција и надградба на 450 километри локални патишта во 80 општини во земјава, за што е потпишан договор за заем од 70 милиони евра со Светска банка.

 

ИЗВОР: МИА
Лидија Велковска

актуелно патната карта
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.