Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Јовановска: До Агенцијата за вработување се пристигнати 816 барања од стечајни работници
Во Фокусот

Јовановска: До Агенцијата за вработување се пристигнати 816 барања од стечајни работници

септември 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

До Агенцијата за вработување до денес се пристигнати 816 барања од стечајни работници за исплата на надоместок согласно неодамна донесениот Закон за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна државна сопственост.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, денеска на прес-конференција соопшти дека досега не е донесено ниту едно решение, бидејќи се уште во тек е аплицирањето.

Рокот за поднесување на барањата е една година, а барањата се поднесуваат електронски. Стечајните работници треба да понесат само лична карта за идентификација, а останатите документи Агенцијата ќе ги обезбеди по службена должност.

Доколку барањето не може да се поднесе електронски, стечајните работници тоа може да го сторат во архивата на центрите за вработување.

„Олеснување во овој закон е тоа што не е потребно стажот да биде платен. Доволно е лицата да биле во работен однос, односно како доказ во прилог на барањето се само М1 и М2 обрасците, појасни Јовановска.

На прес-конференцијата, на која присуствуваше и претседателката на здружението на стечајни работници УНИТ, Лилјана Ѓорѓиевска беше посочено дека околу 300 до 400 стечајни работници на ниво на државата не ги исполнуваат условите за добивање надоместок, односно немаат доволно години работен стаж.

„Тоа е најголем проблем затоа што знаеме дека раната транзиција од 90-тите години на некои не им дозволи да имаат 15 години работен стаж во државна фирма. Тоа е многу мала бројка на ниво на држава, рече Ѓорѓиевска, додавајќи дека ќе се бара решение и овие лица да бидат обештетени.

Со законот за стечајните работници се очекува околу 3.500 лица да добиваат месечен надомест во висина од 34 проценти од просечната исплатена месечна нето плата од минатата година, односно по 7.596 денари. За оваа намена со ребалансот на Буџетот веќе се обезбедени дополнителни средства и директорката на Агенцијата за вработување најави дека надоместокот ќе биде редовно исплаќан.

Надоместот може да го користат невработени на возраст од најмалку 52 години (жени) и 55 години (мажи) со најмалку 15 години стаж во претпријатија со доминантна сопственост на државата, а таму работниот однос да им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок, заклучно со 30 јуни годинава.

 

агенција за вработување актуелно биљана јовановска унит
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.