Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЈП „Водовод“ Куманово ќе ги менува старите водомери
Локално

ЈП „Водовод“ Куманово ќе ги менува старите водомери

декември 11, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
Министерството за транспорт и врски деновиве ќе распише тендер за спроведување проект за замена и инсталација на водомери и нивна интеграција во систем за далечинско отчитување во водоснабдителната мрежа на општина Куманово, информираа денеска надлежните од кумановското јавно претпријатие „Водовод“.
Проектот е вреден милион и 600.000 евра, обезбедени од Европска инвестициска банка. Со проектот се очекува да бидат заменети помеѓу 8.000 и 10.000 водомери во Куманово, со нови електронски, ќе бидат набавени инструменти за детектирање подземни дефекти и креација на реални и виртуелни зони за водоснабдување за менаџмент со загубите на вода. Во рамки на проектот ќе бидат поставени и инсталирани преносни ултразвучни мерачи на проток и притисок, софтвер за менаџирање со зоните за водоснабдување со што ќе се постигне  оптимизација на притисокот во системот за водоснабдување
– Проектот беше одобрен 2014-та година, но поради политички причини досега беше блокиран, сега веќе е одблокиран. Значајно е што покрај замената на старите водомери ќе се набават и инструменти со кои ќе се видат загубите на вода, кои не можат да се видат на терен.
Поради тие невидливи дефекти, имаме загуба на вода од 53  проценти, што е на ниво на македонскиот просек, но нашата интенција е да имаме помала загуба на вода, значи дополнително 20 проценти намалување на загубите, изјави директорот на ЈП „Водовод“, Горан Стојковски.

Со новите водомери ќе нема мануелно ракување и читање на водомерите, пракса која се спроведува сега, туку на современ начин, со што ќе се зголеми ефикасноста на работата на претпријатието.

Новите водомери имаат гаранција десет години. Со оваа инвестиција, потенцира Стојковски, се заокружува четиригодишниот инвестициски циклус во ЈП „Водовод“ Куманово.

водовод години јп куманово проект
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР: Дестабилизација на времото, невреме и поројни дождови за продолжениот викенд

мај 19, 2026

Во деновите од викендот нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер

мај 14, 2026

Времето облачно со дожд и ветер

мај 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.