Од ЈСП Скопје информираат , дека утре, сабота (5.10.2019 година), од 19 часот до полноќ затворен за сообраќај ќе биде булевар „Партизански одреди“ на потегот од вкрстувањето со улица „Рузвелтова“ до вкрстувањето со улица „Костурски херои“ и тоа само во правецот од Ѓорче Петров кон центар, а автобуските линии што гравитиваат во овој реон ќе возат по изменет режим од вообичаениот.
Линиите 2, 2А, 11, 11А, 12, 18, 19, 32, 56, 56А, 60 и 118 ќе вртат лево на улица „Рузвелтова“, десно по булевар „Илинден“ кон мост Гоце Делчев, од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса. Во обратна насока ќе сообраќаат по своите вообичаени траси.
Линиите 4, 7, 15, 21, 21А, 22, 22А и 24 ќе вртат десно на улица „Рузвелтова“, лево по булевар „Теодосиј Гологанов“ кон центар, од каде секоја ќе продолжи по својата вообичаена траса.







