Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ќе се унапредува соработката во одбраната, но Турција бара да се преземат мерки против Фето
Македонија

Ќе се унапредува соработката во одбраната, но Турција бара да се преземат мерки против Фето

април 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со Турција не врзува цврсто пријателство што трае во изминатите децении, а врските во одбраната се исклучително силни. Од 1992 година изградена е цврста соработка и во економијата и во културата, а таа соработка ќе се унапредува и ќе продолжи поддршката од Турција за нашата земја, особено во модернизација и обуката на Армијата на Северна Македонија, заклучија на прес-конференцијата по средбата министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која денеска е домаќин на министерот за национална одбрана на Република Турција, Хулуси Акар.

Министерот Акар, сепак, предупреди дека структури на организацијата Фето, што постојат во Северна Македонија, им штетат на на односите на двете земји и го саботираат на некој начин пријателството и братските односи што ги имаме.

– Имаме имиња на некои од поглавните од терористичката организација, што се поделени меѓу институциите на двете земји и длабоко сум уверен дека во наредните денови институциите на Северна Македонија ќе преземат конкретни мерки околу тоа. Им веруваме на институциите на Северна Македонија, порача меѓу другото министерот Хулуси Акар и изрази надеж дека во наредниот период ќе се направат конкретни мерки да се ослободат од оваа терористичка организација.

Министерката Шекеринска изрази очекување дека во иднина Турција ќе го ратификува Протоколот за пристапување на нашата земја во НАТО и информира дека неполни два месеци од процесот на потпишување на Протоколот веќе девет земји членки на Алијансата го имаат ратификувано, меѓу кои први земјите соседи членки на НАТО.

– Турција не е наш непосреден сосед, но секогаш се однесуваше и повеќе од сосед, беше тука кога на нашата држава и требаше помош и поддршка и ние тоа не го забораваме, нагласи Шекеринска.

Според неа, успешната соработка во одбраната се гледа и во најтешките полиња за соработка, а тоа се мисиите во странство како што е во Авганистан, каде нашите војници учествуваат во рамки на турскиот контингент. За нивото на доверба меѓу двете армии, подвлече Шекеринска, покажува и фактот што втората позиција во командата во Авганистан и е доверна на воен старешина од нашата армија.

За Турција, Република Северна Македонија е исклучително важна, а историските и културните врски се многу силни,    изјави  министерот за национална одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, додавајќи дека е многу важно зачленувањето на земјата во НАТО, а на тој пат неговата земја ќе продолжи со силна поддршка.

Министрите за одбрана информираа дека високите школи и воените институции во Турција досега се обучувале над 1.200 припадници од Армијата. Турскиот министер за одбрана упати пофалби и за оние припадници на нашата Армија кои се обучуваат во високите школи, како и за професионалноста и подготвеноста на сите кои се и биле во мисиите во Авганистан.

пријателство сверна македонија турција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.