Кога се работи за уредувањето на домот, секоја жена ќе ви каже дека ја радува кога својот животен простор ќе го оплемени со нешто невообичаено, посебно, нешто што е воедно и практично и убаво.
А, едно такво „парче“ моментно го запали интернет.
Се работи за едно многу необично ќебе кое е направено само за припадничките на понежниот пол, и тоа од 7 до 77 години.
Плетениот покривач во форма на опашка од сирена моментно е хит во светот.
Освен што е крајно практичен затоа што го решава проблемот со секогаш откриените стапала, ова ќебе е исклучително топло, совршено за удобно сместување пред ТВ, а гордо ќе се чуствувате и како хероина од цртаните на Дизни.
Иако може да се најде во продажба преку бројни онлајн продавници, дамите кои се вешти со игли и волница, брзо ја „симнаа“ мустрата.
Погледнете како сами да го направите ќебето:









