Директорот на американското Федерално истражно биро, Џејмс Коми останува на чело на таа полициска служба.
Според документите од Министерството за правда на САД, Коми е меѓу лицата кои ќе ги задржат своите позиции.
Директорите на ФБИ се поставуваат на 10-годишен мандат со кој би требало да ја водат таа агенција во текот на различните претседателски администрации, дури и кога друга партија ќе ја превземе Белата куќа.
Новиот претседател на САД Доналд Трамп го критикуваше ФБИ во текот на кампањата поради одлуката да не препорачува подигнување обвинение против неговиот ривал Хилари Клинтон, но топло го поздрави во текот на викендот на состанокот со безбедносните и разузнавачките служби.







