Британија и оваа година организира акција за Големо пребројување на пеперутки чија цел е да допринесе за проценка за состојбата на животинското опружување.
Се повикуваат доброволци да посветат 15 минути од времето во пребројувањето на разни врсти пеперутки.
На веб страницата на организаторот понудена е шема по која можат да ги категоризираат пеперутките, а исто така постои и апликација која можат да ја превземат и после тоа своите наоди да ги проследат онлајн.
Акцијата на организацијата за зачувување на пеперутките „Батерфлај консервејшн“ почна во 2010 година и, според организаторите, стана најголем проект за надгледување на пеперутките на светот.
Минатата година пеперутки пребројуваа повеќе од 60.000 доброволци.
Акцијата ја поддржуваат познати личности меѓу кои и Дејвид Атенборо, британски автор на научни ТВ програми.
Како што се наведува на веб страницата на организаторот, пеперутките реагираат многу брзо на промените во опкружувањето заради што се одличен индикатор за биодиверзитет.
Смалувањето на бројот на пеперутки претставува „рано предупредување“ за губитокот на други живи врсти, и допринесува за идентификација на загрозените врсти.
Пребројувањето на пеперутките во Британија трае од 20 јули до 12 август.