Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ДЕСЕТИЦИ УАПСЕНИ: Афера со напалени учителки ја тресе Америка
Во Фокусот

ДЕСЕТИЦИ УАПСЕНИ: Афера со напалени учителки ја тресе Америка

април 24, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Десетици професорки се уапсени оваа година ширум Америка за сексуални злосторства врз нивните ученици, додека бројот на „пуми во училницата“ навидум продолжува да расте.

Како што пишува „Дејли Мејл“, само во последните 12 месеци во 16 американски држави уапсени се 25 учителки, а се стравува дека ова е само „врвот на сантата мраз“, бидејќи нема централизирано собирање податоци за следење на овој вознемирувачки тренд на напалени учителки.

Минатиот месец, омажената учителка од Њу Џерси, Џесика Савицки (37), беше уапсена откако полицијата ја фати полугола на задното седиште во автомобил на тинејџер. Мајката на две деца наводно признала дека таа и ученикот најмалку пет пати имале секс без „заштита“.

Во Небраска е уапсена 45-годишната Ерин Вард, откако исто така беше пронајдена гола на задното седиште од нејзиниот автомобил со тинејџер. Ерин е во брак со службеник на Министерството за одбрана и е уапсена на лице место.

Многумина од обвинетите професори биле во брак, а една е дури прогласена за наставничка на годината.

„Професорките ги мамат учениците со сексуални пораки, разголени фотографии и видеа, пред и за време на физичкиот однос“, велат од полицијата.

Училишниот психолог д-р Мајкл Обершнајдер истакнува дека влијанието на социјалните мрежи придонесе за динамиката на злоставувањата и за порастот на бројот на такви случаи.

„Социјалните медиуми можат да ги заматат границите во односот ученик-наставник, што пак за возврат тоа може да ја отвори вратата за неприкладните исходи“, рече тој.

Патем објаснува дека учениците имаат полесен пристап до нивните наставнички преку различни онлајн формати, што може да доведе до непримерна комуникација, па дури и до однос од сексуална природа.

„Како што видовме, некои учителки објавуваат сексуални содржини на платформи како што се ‘ОнлиФанс’ (OnlyFans), ‘ЛојалФанс’ (LoyalFans), ‘Фансли’ (Fansly) и други кои учениците можат да ги видат и да бидат дел од нив“, посочува Обершнајдер, додавајќи дека „дури и Инстаграм им овозможува на учениците да гледаат и потенцијално да комуницираат со професорките на поличен или поинтимен начин.

Според негова проценка, 80 отсто од професорите кои злоставуваат ученици односно ученички се сè уште претежно мажи. Додека машките предатори се поагресивни, со мотивација насочена на секс, кај жените тоа често се одвива околу емоционален конфликт, неисполнети интимни потреби, лични проблеми, осаменост и чувство на изолираност.

Учителката по англиски јазик во четврто одделение, Алиса МекКомон (38), професорката по биологија и тренер по тенис и кошарка од Сан Антонио, Стефани Вудс (28), Ели Керадман (33) од Вирџинија, Ели Елизабет Бардфилд, мајка на четири деца од Илиноис, Ема Деленеј Хенкок (26), поранешна професорка на замена во средното училиште Велстон во Оклахома, Хедер Хер (33), професорка во средното училиште „Брајант“ во Арканзас и Хејли Клифтон Кармак (26) од Вејнсвил – се само некои од педагошките работнички кои се најдоа во медиумите во последните месеци откако биле уапсени поради сексуални врски со ученици.

Во пораката до 15-годишното момче во октомври 2022 година, Ема Дилејни Хенкок побарала да и испрати „училишна задача“, но – според обвинението – преку „Снепчет“ добила фотографија од тинејџерот без маица.

„Сега испраќаме полуголи слики?“, го прашала во пораката.

„Не знам, праќаме ли!?“, одговорил тинејџерот.

„Сакаш да останам без работа поради тебе?“, го прашала таа, исто така.

Во обвинението се наведува дека тогаш почнале почесто да разменуваат разголени фотографии и видеа. Ситуацијата ескалирала, наставничката и тинејџерот наводно двапати се бакнале во училницата, а Ема е обвинета и дека непримерно го допирала момчето додека се бакнувале. Таа е во брак со локалниот шеф на полицијата, Алфред Хенкок.

Хедер Хер, која превезувала малолетник преку државната граница заради нелегален секс, ја признала вината и сега се соочува со доживотна затворска казна. Имала односи со ученикот 20 до 30 пати во текот на учебната 2021-2022 година, вклучувајќи го тука и уживањето што го имале на излетот во Вашингтон.

Хејли Клифтон Кармак беше уапсена од полицијата во Гарден Риџ поради врска со 16-годишник. А, пак, таткото на момчето на Хејли е обвинет за загрозување на благосостојбата на детето, затоа што, наводно, знаел за неговата врска со наставничката. Во судските документи стои дека имале секс за време на наставата и дека како „чувари“ користеле други ученици.

Во Аризона, три учителки од ист град, Алиса Тод, Џесика Крамер и Дајан Пирво, се обвинети за злоставување на ученици.Тод (23) е уапсена заради „непримерен контакт“ со ученик од средното училиште во Баскеј.Крамер (42) во средината на септември беше обвинета за непримерен контакт со 17-годишно девојче од истото училиште, а Пирво (23) за непримерен контакт со 13-годишно момче во блиското школо.

Оваа темна низа на „пуми во училниците“ ги фрустрира другите професори.

Една наставничка од Лонг Ајленд е уверена дека луѓето, заради таквите предаторки, сите педагошки работници ги бие лош глас.

„Многу е вознемирувачки да се видат сите овие случаи на млади професорки кои ја злоупотребуваат својата моќ и ги искористуваат малолетните ученици“, изјави таа за „Дејли Мејл“.

Според Националното здружение на државни директори за образование и сертификација на наставници, помеѓу 2017-2022 година, државните одбори за лиценцирање презедоа мерки против најмалку 1.895 професор(к)и за сексуално злоставување и „непримерни односи кои можеби не се од сексуална природа“.

актуелно Америка Афера наставник професор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.