Во просториите на Кампус 2, Факултет за информатика при УГД, Штип, денеска ќе се одржи „DigiGirlz“, настан во организација на Мајкрософт Македонија, чија цел е да се инспирираат, едуцираат и поддржат девојки кои сакаат бидат дел од ИТ-светот и СТЕМ-професиите.
Како што е најавено, на настанот ќе се обратат Цвета Мартиновска-Банде, деканка на Факултетот за информатика при УГД, Елисавета Нојковска, регионална маркетинг-менаџерка за модерното работно место за 24 држави.
На присутните ќе им се обрати и Ирена Ивановска, раководителка на ИТ про одделот во СЕМОС, Нина Николиќ, координаторка на Свис ЕП, проект на швајцарската Влада за поддршка на претприемаштвото во Македонија, Ивана Станковиќ, менаџерка за инвестиции на Саут сентрал вентурс, Моника Ризовска, менаџерка на Космик девелопмент, Јана Клопчевска, доцентка на Технолошко–металуршкиот факултет и Марија Мелкова, претставничка од Мајкрософт.
Овој настан е дел од карванот на Мајкрософт Македонија кој, покрај Штип, се одржува и во Скопје, Тетово и Битола.