Мариборското погребално претпријатие добило педесет порачки за изработка на дигитален надгробен споменик откако пред само неколку денови група локални стопанственици во соработка со тамошниот електротехнички факултет го претставија прототипот.
Дигиталниот надгробен споменик, чија вредност е 3.000 евра, дава далеку повеќе информации за починатиот од класичниот на кој, во мермер или гранит, се впишани само името и датумите на раѓање и смртта.
„Денешните надгробни натписи се многу кратки, па за починатиот на нив има само основни податоци, додека дигиталната ера пружа неброено нови можности, во животот и после смртта“, објави по повод поставувањето на прототипот на споменикот на мариборските гробишта Побрежје, локалното погребално комунално претпријатие.
Дигиталниот надгробен споменик кој го напојува соларна батерија на корисниците им пружа можност за прикажување на текст, видео запис и фотографии на екранот заштитен од атмосферски влијанија.
Текстот, видео снимките или фотографиите лицето може да ги одбере уште додека е жив или по неговата смрт тоа можат да го сторат роднините.
Мариборскиот дигитален надгробен споменик на екранот прикажува основни податоци, но кога ќе му се приближите се активираат сензорите кои го следат движењето и очите, па се вклучуваат снимените податоци.
Авторите на идејата сметаат на потенцијалниот пазар во Европа и Америка.