Кога Доналд Трамп стана претседател ја наследи и вжештената геополитичка состојба во Украина, Северна Кореја, Сирија, Авганистан и на Балтикот, а го доби во раце најмоќното нешто на светот – Вооружените сили на САД и нивниот арсенал со нуклеарни боеви глави.
Нападот на аеродромот на сириската војска за кој се сомнева дека бил резултат на хемискиот напад врз цивили, покажа дека Трамп „не се лишува од употребата на сила кога тоа му се чини потребно, а неговото разместување на ракетните разорувачи и носачи на авиони во близина на Северна Кореја е ново отварање на фронт што би можело да заврши кобно за целиот свет“, пренесува „Јутарњи лист“, повикувајќи се на анализа на магазинот „Форин полиси“.
Како што се наведува, кога во најцрното сценарио меѓународните односи би паднале на најниска точка и кога во насока на САД би почнале да летаат интерконтинентални балистички проектили со нуклеарни боеви глави од насока на Русија или Кина, прашање е што би направиле Трамп и американската влада.
Покрај сталната закана од нуклеарен напад за време на Студената војна, САД со децении немале акциски план „како да се осигура дејствувањето на извршната власт во случај на напад“.
Поранешниот американски претседател Џими Картер во доцните 70-ти години од минатиот век забележа дека никаде во службените процедури не постојат одговори на некои од клучните прашања: ако извршната власт може да ја преживее нуклеарната војна, што би работела точно после тоа и како да се исполнат трите главни претседателски функции – да биде шеф на извршната власт, државата и врховен командант на вооружените сили.
Нуклеарните засолништа, изградени во 50-тите години од 20 век би требало да се обноват, а не постоеле никакви процедури за евакуација на поголемиот дел на популацијата, заради што Картер наредил обединување на националната програма за цивилна заштита, со цел да се осигура преживување на 80 отсто од населението во случај на напад.
Еден од неговите потези бил и оној за основање Сојузна агенција за вонредна состојба (ФЕМА) која ја превзела одговорноста за надгледување на цивилната заштита, сигурни локации за преселување и стварање на нужни залихи во случај на војна.
Истовремено, Картер го превзеде и најтешкиот предизвик – разработка на механизам со кој на наследниците на претседателот би им осигурал издавање наредби за нуклеарна војна, за време и после нуклеарниот напад.
Според првиот план, Канцеларијата за војската во Белата куќа им додели на сите во редот на наследување на претседателските овластувања кодни имиња кои би требало да им ги кажат на преживеаните шефови на Пентагон.
Следниот план беше осмислен за да им пружи пофлексибилен и децентрализиран начин за зачувување на извршната власт, а тоа е подготовка на пет меѓуагенциски тимови од по 50 луѓе кои, во случај на вонредна состојба, би биле распоредени на некоја од сигурните локации, каде што би можеле да ги обавуваат сите функции на извршна власт.
Секој тим би имал доволно подготвени лица кои на актуелниот претседател би му прижиле поддршка во извршувањето на сите три клучни задачи, а би комуницирале со другите тимови и со преживеаните елементи од Пентагон, како би ги извршувале плановите за нуклеарна војна – би ги примале разузнавачките податоци и извештаите за размерите на уништувањата и би биле во контакт со државните и локалните власти.
Во плановите на Картер се наоѓаат и упатства како да се формира повторно Конгресот, како да се мобилизираат сите национални ресурси и како да се воспостави состав од цивилни резервисти.
Повеќето од плановите на Картер денес сеуште се под ознаката за висока тајност.
„Форин полиси“ потсетува дека ЦИА набрзо после донесувањето на плановите на Картер основала тајна Канцеларија за разузнувачка поддршка во вонредни состојби, која подготвува тричлени тимови за испраќање на сигурни локации.
Медиумот наведува дека претседателот Роналд Реган не бил задоволен со плановите на Картер, затоа што верувал дека не е возможно да се осигура преживување на кабинетот на претседателот, а еден од неговите најблиски соработници Томас Рид, го убедил да не го напушта планот, туку да го доработи.
Плановите сигурно напредувале од тогаш до денес, меѓутоа се држат во најстрога тајност, од јасни причини.
Во случај на нуклеарен напад на САД, сигурно е дека ќе се осигура континуитет на владеењето и Кабинетот на претседателот, а прашање е дали би било можно да се осигура и преживување на самиот Доналд Трамп.