Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски

август 14, 2026

Предметот против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август

август 14, 2026

Мртви ирваси ги збунија истражувачите на Свалбард

август 14, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски
  • Предметот против Груби и уште седуммина за „Државна лотарија“ почнува на 24 август
  • Мртви ирваси ги збунија истражувачите на Свалбард
  • „Гугл асистент“ оди во историјата
  • Бургас домаќин на „Евросонг“ в година
  • Етна предизвика штета од околу 24 милиони евра во туристичкиот сектор на Сицилија
  • Пожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, шест пожари се активни и утрово
  • СДСМ: Македонија е вторa во Европа по ѓубре
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЦГК: Многу политички кадри членови на управни одбори во државните претпријатија
Економија

ЦГК: Многу политички кадри членови на управни одбори во државните претпријатија

септември 11, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Само една третина од членовите на надзорните одбори за контрола на материјално-финансиското работење имаат економско образование и поседуваат знаења и искуство од дејноста на финансиското и сметководственото работење, покажуваат резултатите од истражувањето „Право или политика: Изборот на членови на управните и надзорните одбори во државните претпријатија“ на Центарот за
граѓански комуникации (ЦГК), што е објавено денеска.

Истражувањето е проследено со отворена база на податоци за членовите на управните и на надзорните одбори на 30 најголеми претпријатија во земјата.

Во истражувањето се посочува дека како членови на управните одбори во најголемите државни претпријатија се јавуваат многу политички кадри, секторски директори во други државни претпријатија, припадници на државната администрација, сметководители во приватни компании, секретари на училишта, педагози, психолози па и раководител на бензинска пумпа, сопственик на златарски дуќан,…

-Владата и единиците на локалната самоуправа немаат официјален документ што го регулира процесот на селекција на членовите на раководните органи на претпријатијата што ги основаат. Тие, како основачи, не објавуваат огласи за избор на членови во раководните органи на државните претпријатија, не вршат проверка на квалификуваноста ниту, пак, ги интервјуираат потенцијалните кандидати.

Со биографии на членовите на управните и на надзорните одбори на дел од државните претпријатија не располагаат ниту основачите, ниту самите претпријатија, се посочува во истражувањето на ЦГК.

Од обемното истражување во коешто беа вклучени и основачите и претпријатијата, како што додава Центарот, не можело да се утврди кој, врз основа на кои критериуми и во каква постапка им предлага на Владата и на општинските совети да ги изберат токму тие лица за членови на управните и на надзорните одбори.

-Со оглед на целосната нетранспарентност на процесот, оправдан е сомнежот дека списоците за именување на членови на управните и на надзорните одбори на претпријатијата во државна сопственост се составуваат надвор од институциите, односно во партиските кругови, се потенцира во истражувањето на ЦГК.

Според податоците објавени во истражувањето, висината на надоместокот за членовите на одборите се движи од 800 денари по одржана седница, колку што се плаќа во Комуналец – Прилеп, до 27.000 денари месечно, за претседателот на Надзорниот одбор на Македонската радио-телевизија.

Гледано на годишно ниво, најголеми вкупни трошоци за членовите на одборите има Водовод и канализација-Скопје, и тоа 2,2 милиони денари, односно околу 36 илјади евра.

Истражувањето што е спроведено во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија, е достапно на opendata.mk.

актуелно кадри управни одбори цгх членови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Ахмети: Ја сакам Македонија колку што ја сакаат Мицкоски и Црвенковски

август 14, 2026

Пожарникари цела ноќ спасувале куќи во селата Богомила и Лознани, шест пожари се активни и утрово

август 14, 2026

СДСМ: Македонија е вторa во Европа по ѓубре

август 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.