Абас: Ерусалим бил и ќе биде исламски град

Претседателот на Палестина, Махмуд Абас, изјави дека Палестинците ги преземале сите мерки за да се заштитат.

Абас рече дека Ерусалим „бил, ќе биде и ќе остане палестински и исламски“.

„Повикот од Ерусалим не обединува. Да ги ставиме сите разлики на страна“, истакна Абас.

Тој, исто така, оцени дека Палестинците „ќе продолжат да го остваруваат правото на самоодбрана, како и заштитата на светилиштата“, се до „тргањето на окупацијата и воспоставувањето на независна палестинска држава со главен град Ерусалим“.