Кина денес го претстави екипажот на вселенското летало „Шенжу 24“, во кој ќе биде вклучен и еден пакистански државјанин, пред лансирањето закажано за подоцна оваа недела. Тој ќе стане првиот странски астронаут што ќе стапне на кинеската вселенска станица.
Според кинеската новинска агенција „Синхуа“, Кинеската агенција за вселенски летови со човечки екипаж соопшти дека пакистанскиот астронаут Мухамед Зишан Али ќе биде дел од мисијата заедно со неговите кинески колеги Танг Хонгбо и Ву Ји.
Од агенцијата соопштија дека лансирањето е закажано за во среда наутро, од космодромот „Жуќуен“ во северозападна Кина.
Али, кој служел како пилот во воздухопловните сили, ѝ се заблагодари на кинеската влада што му помогнала да го оствари својот сон.
Лансирањето би претставувало прв заеднички лет на кинески астронаути и странски астронаути во историјата на кинеската вселенска програма. Тоа е дел од договорот што Кина и Пакистан го потпишаа во февруари 2025 година.
Извор: Данас







