ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ
Согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, како и засилен ветер од северен правец во попладневните часови, апелираме до граѓаните да не ги паркираат своите возила под дрвја и да избегнуваат задржување во близина на висока вегетација, со цел да се намали ризикот од евентуални несакани последици.
Доколку забележите паднато дрво, скршени гранки или друга опасност предизвикана од временските непогоди, ве молиме веднаш да пријавите на телефонскиот број за итни случаи 112 или на дежурните телефонски броеви објавени на веб-страницата на ЈП „Паркови и зеленило“.
Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките, да бидат внимателни и да се грижат за сопствената безбедност.







